Зошто го свиркаа Кукуреља на секој контакт со топка?

Од 70 и нешто илјади гледачи синоќа на полуфиналето Шпанија - Франција на „Алијанц Арена“ во Минхен, голем дел го исвиркуваа шпанскиот лев бек Кукуреља буквално при секој допир со топката.

Таквата реакција кон шпанскиот лев бек од Челси доаѓа како продолжение на скандалот од 1/4 финалето меѓу Шпанија и Германија кога главниот судија Ентони Тејлор не досуди пенал за Германците по очигледно играње со рака на Кукуреља.

Во 106’ минута Кукуреља со рака ненамерно и случајно го сопре ударот на Џамал Мусиала кој одеше кон голот на Унаи Симон. Сите германски играчи застанаа и како да чекаа пенал но Тејлор не изреагира и не досуди пенал.

УЕФА ЈА ПОТВРДИ СУДИСКАТА ОДЛУКА КАКО ИСПРАВНА

На два дена пред стартот на Еуро2024, претседателот на судискиот комитет на УЕФА Роберто Розети демонстрирал видео и објаснил во кои епизоди не се свири пенал.

Кога раката е близу тело и во природна положба, а самиот играч се труди со тело да избегне контакт со топката. УЕФА после мечот Германија - Шпанија застана во одбрана на судијата Тејлор.

Како што пиша Атлетик, во УЕФА сметале дека одлуката на англискиот судија е исправна и согласно судискиот водич, раката на Кукуреља не била во неприродна положба во моментот на ударот.

„Топката ме удри во рака а ме смири судијата кога кажа не, не, не! Ако експертите велат дека тоа не е пенал за игра со рака тогаш така и е. Не се мешам. Го уважувам тоа што го велат судиите но го разбирам и сомнежот. Гледаме дека за едни е пенал а за други не“, рекол Марк Кукуреља.

ГЕРМАНИЈА ЗБЕСНА, ПОТПИШАЛЕ И ПЕТИЦИЈА

Германски Bild после натпреварот пишал дека помошникот на селекторот Нагелсман, тренерот Сандро Вагнер и се пуштил на судиската тројка после мечот и го навредувал Ентони Тејлор.

А лут бил и Јулијан Нагелсман:

„Не го видов добро моментот и сè за што размислував е досуден пенал. А Шпанците помислија: „Нема пенал“. Затоа јас после подобро видов се на телевизор. Ги посреќија. Топката леташе во облаци или кон голот? Во еден случај е пенал а во друг не е. Правилото треба да биде едноставно. Не зборувајте за намера или не: треба да се види кај лета топката. Имаме 50 вештачки роботи кои носат кафе, така што треба да има вештачка интелегенција која ќе ја пресмета траекторијата на топката“, рекол Нагелсман видно изнервиран.

Навивачите на Германија го поддржаа селекторот и преку 35.000 луѓе потпишале петиција за преигрување на мечот со Шпанија, но УЕФА очекувано не изреагира на ова и си продолжи со турнирот.

Доминантната Шпанија е прв финалист на Евро 2024!

Неверојатниот гол на тинејџерот Ламин Јамал

Кои сè рекорди ги урна малиот Ламин Јамал?

Бизарна повреда на Мората, редар го покоси при прославата

10 јули 2024 - 10:42