Воткинс херој, ја носи Англија во финале со гол во 90-та минута

Шпанија - Англија на 14 јули во 21:00 часот во Берлин е мега пресметката вредна титула на ЕП 2024. Англичаните конечно заиграа натпревар на ниво, посебно во првиот дел и со пресврт ја совладаа Холандија. Ја реши џокерот Оли Воткинс кој влезе во 81-ва минута место Кејн за конечни 2:1 по оние 1:1 во воведните 45 минути.

10 јули 2024 - 22:55