Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Мајсторија на Ериксен на стадион каде се бореше за живот

ЕП 2020 поради пандемијата се одигра летото 2021-ва кое ќе го паметиме вечно поради деби настапот на Македонија. Се играше во периодот 11 јуни - 11 јули во 11 градови и 11 држави за да се одбележи 60 годишнината. На стадионот Паркен во Копенхаген имаше страшни сцени откако се онесвести капитенот на Данска, Кристијан Ериксен. Три години подоцна ја реши пријателската против Шведска со убав погодок на 4 минути до крајот од мечот.

53-годишна Кинеска што прави шоу на пауза во НБА со моноцикл

Црвена Панда, како што и е уметничкото име на жената од Кина која повеќе од 30 години изведува неверојатни сценски настапи со двоиполметарски моноцикл и чинии, ја забавува публиката во НБА.

Надреална сцена во Перу

Нема да видите денеска појак дуел еден на еден во фудбал. Прснавме на глас од смеење.

Играл во НБА и Басконија, сега ќе игра одбојка на плажа на Олимписки Игри

Чуден е спортскиот пат. Постојат такви приказни кои се вредни за филмско платно. Една од таквите е и на Чејз Бадингер од Калифорнија.

И ја сокривте топката на Андора а?

Шпанците беа најефикасни на синоќешните пријателски средби, а противникот им се викаше Андора, на која и пукнаа петарда. Хет-трик на Микел Ојарзабал. Издвојуваме еден од неговите голови, пред сè поради велелепната акција.

Паметен судија пред време свири крај

Уругвај предводен од врвниот стратег Марсело Бјелса до врв ја наполнија мрежата на Мексико и победија 0-4 на пријателски меч игран во Денвер. Пред крајот на натпреварот главниот судија реши да свири крај пред време поради упад на мексикански навивачи на терен.

Гол и две асистенции на Мбапе и бомба на Клаус

Нова тура пријателски средби на кои фаворитите овој пат не потфрлија. Франција го совлада Луксембург со 3:0, а потегот на мечот го има Џонатан Клаус од Олимпик Марсеј.

Најлајкуваниот коментар во историјата на Инстаграм

Кристијано Роналдо до Килијан Мбапе по повод големиот трансфер од ПСЖ во Реал Мадрид како слободен играч.

Со Мануел Ноер најдовте да садите краставици

Домаќинот на ЕП, Германија и Украина одиграа пријателска без голови. Додуше Украинците беа печени да поведат и имаа празен гол кој им го овозможи Ноер. Ама чекај да видите како заврши нивната акција поради авантуристичкиот излет на Ноер.

Како Ариго Саки го објаснува рецептот за успеси на Карло Алчелоти?

„Знае да ги пренесе вредностите на понизноста, пожртвуваноста и почитта на ѕвездите на Реал во еден амбиент каде понекогаш се правеа грешки. Винисиус е најдобриот пример за тоа“.

Исповедта на Здравко Дејановиќ за кошмарот на Лотце

Во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на скопска Алфа ТВ, врвниот македонски алпинист и хималаист Здравко Дејановиќ, раскажа за страшната линија меѓу животот и смртта која што ја видел на врвот Лотце (висок 8.516 метри надморска висина). Дејановиќ бил во кома, во страшни смрзнатини и едвај бил евакуиран.

Јосип Иличиќ победи депресија, ослабна и со гол оди на Европско првенство

Многумина мислеа дека 36-годишниот Словенец Јосип Иличиќ веќе ја завршил кариерата после толку маки со кои се соочи. Одличниот „Јојо“ се врати дома од Аталанта после чудесните години кои ги имаше со тимот во Бергамо кој го однесе во Лига на шампиони.

Ако ништо друго, ради фризурата требаше да го пуштат

Колку и да беше сулуда, бесмислена и празна, сепак фризурата на Бразилецот Роналдо на тоа Светско 2002-ра во Јапонија и Јужна Кореја кога Бразил освои светска титула, остана како еден убав носталгичен момент. И драго ни е секој пат кога некое дете ќе направи таква фризура, макар на шала.

Мачка во средина на терен како играч повеќе

На дуелот Варнамо - Мјалби во втора лига на Шведска кој завршил 1-2 за гостите, во еден момент и една мачка сакала да заигра фудбал. Додека не ја тргнаа од терен.

Има нешто во американскиот спорт што не ни е јасно

На меч од американската бејзбол лига МЛБ меѓу Доџерс и Колорадо кој завршил 4-0, имало над 48.000 гледачи. Огромен дел од нив се огласиле на акцијата на стадион да дојдат со своите миленици. Не баш пријатно пит-були и други раси да ти дишат во врат дур гледаш бејзбол.

Роденден ми е другари, ич не сте интересни

Прекрасен амбиент, убави години и ветувачка торта која на крај ќе биде промашена и со горчлив вкус. Друг пат да не ги каниш.

Пикси опцу, пола Виена го слушна

Во една од двете генералки пред почеток на Европското првенство каде е во група со Англија, Данска и Словенија, репрезентацијата на Србија загуби 2-1 на гости кај Австрија во Виена. Во 89’ минута од мечот при една одлична контра на Србија, Самарџиќ се удри во противнички играч и шансата пропадна па селекторот Драган Стојковиќ фрустрирано опцу.

Бруно Фернандеш распали на пријателска против Финска

Од седумте пријателски средби синоќа, најефикасна беше Португалија - Финска која заврши 4:2. Бруно даде два комада, едниот најубав погодок на вечерта.

Кога Бранко од Југославија сам се чудеше на својот еврогол против Англичаните

Време е за пријателски тест средби во очи на европскиот празник во Германија кој стартува на 14 јуни. Налетавме на ретро старо 50 години од пријателска меѓу Југославија и Англија. Словенецот Бранко Облак за глава се држеше откако сфати каде му ја смести на голманот.

Навивачка пожртвуваност за дресот на Чалханоглу

Италија и Турција одиграа 0:0 на пријателска пред стартот на ЕП. На Хакан Чалханоглу му го побараа дресот, ама не успеа да им го даде на тие што го бараат. Им влета камиказа.

Моќни кадри со Флорентино Перез во музејот на Реал

Нема потреба од звук или некакви зборови. Во 20 секунди клипот кажува сè. Сите 15 се на едно место, а вториот, тоа е Милан има 7. Кој и кога ќе ги стигне?

Kога Роџер и Новак си разменија 41 удар на Роланд Гарос

Веќе фалат овие дуели меѓу великаните, но и во денешно време едниот на 37 години покажува ненормално силна физичка и ментална подготвеност за долги битки и пресврти со помладите во своја корист. Снимкава е од полуфинале во 2011-та кое го доби Федерер.

Реал му посака добредојде на Мбапе со страшно добра компилација

На Сантијаго Бернабеу пристигнува веројатно најјакиот напаѓач во светот во овој момент, со две мундијалски финалиња по ред од кои една светска титула, како и со 15 трофеи и 256 гола за ПСЖ, како и еден трофеј и 27 гола за Монако. Овој човек, кој се наоѓа веќе во зрели фудбалски години (25), не знае за обичен гол. Клипов е спектакл.