Што би правеле во НБА кога некој јавно би го поддржал Доналд Трамп?

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА и ѕвезда која што ја водеше репрезентацијата на САД до олимписко злато летово во Париз се јавил на конвенцијата на Демократската партија на САД во Чикаго, Илиниос. Тој како и неговиот тренер Стив Кер пред неколку дена, исто дал поддршка на кандидатката Камала Харис пред претседателските избори во САД во ноември.

„Додека освојувавме златен медал на Олимписките Игри, се чувствуваше големо заедништво а мислам дека Камала Харис може да донесе такво единство на ниво на држава. Како НБА шампион ја посетив Овалната соба и можам да кажам дека таа канцеларија добро и стои“, рекол Стефон Кари, најдобриот тројкаш во историјата на НБА.

Стефон Кари како член и лидер на шампионскиот тим на Голден Стејт Вориорс ја продолжи традицијата првакот на НБА да оди во свечена посета на Белата куќа кога Барак Обама беше претседател 2015-та, а и во 2022-ра кај Бајден и потпретседателката Харис. Но во 2017 и 2018 кога Доналд Трамп беше претседател на САД, Голден Стејт Вориорс не отидоа во посета, а канцеларијата на Трамп тогаш реши да го откаже повикот.

 

23 август 2024 - 14:17