Актуелниот шампион на Германија сјајно го стартуваше натпреварот и поведе уште во 12' минута со спектакуларен гол на Гранит Џака од далечина. Тоа беше официјално прв погодок во сезоната 2024/2025 во Бундеслига.
Веќе во 38' минута гостите од Леверкузен водеа со 0:2 кога Флоријан Вирц најдобро се снајде во една гужва во шеснаесетникот на Менхенгладбах.
Но домаќинот не се предаде и во 59' минута намали на 1-2 преку Елведи. Во 85' минута Борусија Менхенгладбах израмни 2-2 за огромно славје на трибините.
А избраниците на Чаби Алонсо го направија она што минатата сезона го направија на еден куп натпревари: стигнаа до триумф со гол во длабоко судиско продолжение, во 101' минута.
Судијата досуди оправдан пенал, Флоријан Вирц го промаши но натрча на одбиената топка и погоди за победа 2:3 и три бода во новата сезона.
The longest unbeaten streaks in Bundesliga history:
— Ade studio (@AdekunleBu70392) August 24, 2024
- 53 matches in a row — Bayern Munich (2012-14)
- 36 matches in a row — Hamburg (1982-83)
- 35 matches in a row — Bayer Leverkusen (2023-24) pic.twitter.com/OSXB7a2Izn
Bayer Leverkusen are absolute mentality monsters 🤯 ⏱ pic.twitter.com/bxSLYKl4kx
— OneFootball (@OneFootball) August 23, 2024
Интересно Баер Леверкузен пред една недела играше во германскиот Суперкуп против Штутгарт. Поголем дел од второто полувреме играа со играч помалку, примија гол, губеа пред крајот но израмнија преку Патрик Шик во 88' минута на 2:2. После и славеа во пенал серијата за трофеј што е трет голем пехар освоен во ерата на Чаби Алонсо по шампионската титула и Куп минатата сезона.