Offside

Кога се зборува за тројна круна во Интер која Италијанците ја викаат „триплета“, се мисли на онаа на Мурињо, прва во историјата на клубот. Но, оваа со Киву е поинаква.

Најубава навивачка приказна на сезоната во Премиер

Витештвото и честа меѓу навивачите е тема за која ретко се зборува. Така во англиската Премиер лига има еден сјаен пример кој треба да го следат многу други навивачи ширум светот.

Не дека и Трабзон не е прав

Сигурно дека Трабзонспор го чека драстична казна за она што го направија неговите навивачи кога влетаа на терен после мечот и ги нападнаа фудбалерите на Фенербахче. Ама па сега и од Трабзон извадија видеа на кои се гледа дека и гостинските фудбалери и управа не биле баш цвеќиња за мирисање.

Монструозно забивање на Ентони Едвардс, има двајца повредени

Минесота Тимбервулфс ја доби Јута Џез со 114:104, а НБА го доби можеби најјакото забивање на сезоната или барем едно од најјаките. Ремек делото го режираше големата ѕвезда Ентони Едвардс кој ја заби брутално преку Џош Колинс. Страшен потег во стилот на Винс Картер.

Германија е најфудбалска земја

Барем така викаат сите педантни статистички параметри според кои најпосетени стадиони во Европа има во Германија. Па замислете вие кога во втора лига фудбал дошле да гледаат 69.156 гледачи.

Земи ги сите, јас секако не јадам повеќе

Роналдо Луис Назарио да Лима и Дејвид Бекам на НБА натпревар решија да делат едни пуканки. Или не?

Маркус, па Лилијан не беше таков

Во дербито на колото во Серија А, Интер и Наполи ги поделија бодовите. Нераѕурите поведоа први преку Матео Дармијан во 43’ минута а Наполитанците израмнија во 81-ва минута преку Хуан Жезус. Маркус Турам кој игра одлична сезона со 10 гола и 10 асистенции на 27 меча во сите натпреварувања, без никаква потреба проба да глуми прекршок за пенал.

„Заветна“ во изведба на Комити, оптеретете ги звучките

Јако тифо со моќна увертира пред мечот имаа викендов навивачите на Вардар на дербито против Шкендија (1:1), кое дефинитивно заслужува да се игра на Градски, а не во Маџари. На микрофонот е Бојана Скендеровски, придружувана од екстра мотивираниот хор на Комити за кои секој стих од славната „Заветна“ на Пепи Бафтировски е посебна емоција, бидејќи ја опишува пред сè историско националната, а потоа и клупска голгота и борба која ја водат. Слушнете со колкав жар ја пејат.

Него што правиме со слободниот удар на Стерлинг?

Челси го елиминираше Лестер и ќе игра полуфинале во ФА Купот против Манчестеер Сити. Рахим Стерлинг не беше меѓу стрелците, бидејќи нишанот му беше тотално изместен. Прво промаши пенал, а потоа изведе слободен удар за потсмев. Во Ла Манш ја најдоа топката.

Судир меѓу Јабуселе и Кампацо, ама Серхио Љуљ е стар волк

Во дербито на 25. коло од шпанската АЦБ лига, Реал Мадрид на гости ја совлада Уникаја 81-87. Најефикасни беа Џанан Муса со 19 поени, четири скока и три асистенции, Факундо Кампацо со 11 поени и седум асистенции како и Еди Тварес со 11 поени и шест асистенции. Во еден момент жестоко се скарале незгодниот Жерсон Јабуселе и Кампацо а Љуљ приметил дека „некој меѓу нив не е нивен“.

Некако непријатно

После натпреварот Орландо - Торонто кој Меџик го добија 111:96, Ентони Блек од Орландо и Градеј Дик од Торонто, сигурно на нечија идеја си ги размениле дресовите и се сликале после мечот. Алузијата не е случајна.

Два решавачки шута во последна секунда се хит во НБА

Далас Маверикс го победи Денвер Нагетс 107:105 со кош во последна секунда на Кајри Ирвинг кој фрли полухорог преку Никола Јокиќ и погоди. Нагетс се жалат дека Ирвинг ја газел аут-линијата пред да тргне во шут, а со кош во последна секунда славеше и Мајами Хит против Детроит Пистонс.

Не може секој да изнесе топка ко Сити на Гвардиола

Во 30. коло од италијанска Серија Б, Комо со 3-1 ја совлада Пиза. Домаќините после 10 минути игра веќе воделе со 2-0 и тоа најмногу благодарение на гостинската одбрана која сакала да ја копира тактиката на Пеп Гвардиола

Добро, има ли лек за овие велемајсторски голови на Мбапе?

24 гола на 24 лигашки натпревари, 38 гола на 37 меча во сите натпреварувања сезонава, 250 гола на 297 натпревари откако е дојден во Париз. Монпеље - ПСЖ конечни 2:6, со хет-трик на веројатно најјакиот напаѓач во моментов. Барем еден мора да има од тоа неговите специјалитети.

Дивјачки напад на холандски фудбалер од Фенербахче

Ниту прв, ниту последен пат ќе гледаме тепачки во турскиот фудбал. Така е таму, им врие крвта. Но она што зачудува е храброста и дрскоста на играчите на Фенербахче, кои не е дека само се бранат или бегаат, туку влегуваат во туч и напаѓаат со клоци и боксови. Најмногу зачудува дивјачкиот потег на 22 годишниот Холанѓанец Џејден Устерволд кого го фатиле со телефон како рога и тоа веќе соборен навивач. Пази со нога во глава го удира. Некако многу хард кор бе ова а?

Како почнал целиот хаос во Трабзон?

Тензијата меѓу навивачите на Трабзонспор и Фенербахче кулминираше пред неколку години кога беше пукано од огнено оружје врз клупскиот автобус на Фенер кој патуваше на гостински меч во Трабзон. Страстите никогаш не се смириле. Синоќа Енис Барди даде гол но неговиот Трабзонспор изгуби 2:3 со гол во 87-ма минута после што почнаа големи нереди на теренот.

Клоп е најзабавен пред камери, ама малку фали да го изнервираат

Манчестер Јунајтед го елиминираше Ливерпул во четвртфиналето од ФА Купот со 4:3 во продолженијата, после 2:2 во регуларниот дел. Новинар го чепна Клоп, околу тоа зошто имале потешкотии да одиграат до крај 120 минути, по што на германскиот страгет не му беше баш по ќеиф.

Нов хаос во Турција, навивачи на Трабзонспор нападнаа играчи на Фенербахче

Енис Барди постигна прекрасен гол во дербито Трабзонспор - Фенербахче но му падна во втор план поради големите нереди кои ги предизвикаа домашните навивачи поради поразот 2:3.

Барди распали од слободен удар против Фенербахче

Со Енис Барди тешко се излегува на крај ако ја зафати убаво од слободен удар. На дуелот против гигантот Фенербахче кој Трабзсонспор го загуби со 2:3, капитенот на Македонија влезе во игра на стартот на второ полувреме и во 62-ра минута го нокаутираше голманот. Ова му е петти гол сезонава.

Поен кој го стана цел стадион на нозе

Во фантастичен дуел во полуфинале на Индијан Велс, Синер го доби првиот сет со 6-1 против Карлос Алкараз, но потоа Шпанецот ги доби следните два сета со 6:3 и 6:2 и славеше со 2-1. На овој меч имаше прекрасни потези а еден е сигурно најубав на турнирот а можеби и на сезоната.

Најчудниот гол на сезоната - ветер направи невидена сцена

Во 90+9' минута од мечот меѓу Чикаго Фајр и Монтреал, при резултат 3-3, домашниот фудбалер Кели Акоста пробува нешто од половина терен, а во еден момент ветерот ја покажува силата на физиката. Никој не веруваше што се случи а Чикаго на крај победи благодарение на ветрот.

Ѓоковиќ и Стеф Кари направија легендарна фотографија

Најдобриот светски тенисер го продолжи престојот во САД каде и покрај сензационалниот пораз од 20-годишниот Лука Нард на Индијан Велс, Србинот остана да ужива во разни настани.

Ремек делото на Просинечки против Партизан полни 34 години

16 март 1990-та, во југословенскиот фудбал се памети по еден од најјаките голови во историјата на големото белградско дерби. Црвена Ѕвезда го совлада Партизан со 2:0 со головите на Дарко Панчев и Роберт Просинечки во 10` и 19` минута. Го нарекоа „Gol sa Autokomande".

Будалаштина на денот на сметка на Јуве

Ова мора да е некој навивач на Интер или Милан или па можеби на Наполи. Како и да е, некој кој му наапан на Јувентус.

Балак го објаснува тешкиот карактер на Озил

Легендарниот Михаел Балак одлично го доловува одличниот фудбалер со специфичен карактер, Месут Озил. Кај него гледавме прекрасни игри, потези и пред сè асистенции, како и некое чудно однесување. Не направи малку, ама можеше многу повеќе со оглед на талентот кој го носеше во себе. Не случајно носеше дресови како оние на Арсенал и Реал. Тивко и ненадејно ја заврши кариерата на само 34 години.