Интересно веднаш по ждрепката за стартот на Купот на Германија, луѓето од нисколигашот Либек кој игра на стадионче со 3.000 места и не баш добри сигурносни услови за ваков натпревар, смислиле сјајна идеја.
По примерот на англиските нисколигаши на кои кога во ФА Куп ќе им падне гигант од Премиер лига, го менуваат домаќинството за голем стадион кој ќе го исполнат подобро и ќе заработат повеќе.
Либек го предложил култниот стадион „Фолкпаркштадион“ во Хамбург, на 350 километри од Дортмунд и 75 км од Либек. Идејава била сјајна затоа што таму дошле околу 40.000 навивачи на Борусија од цела Германија.
Вкупно на стадионот имало околу 51.000 гледачи а гостите од Дортмунд завземале околу 3/4 од стадионот.
Интересно ова им се погодило и на навивачите на Хамбургер со кои оние од Дортмунд негуваат добри односи, па рашириле по некое заедничко знаме, се подружиле со пиво и го обновиле пријателството.
Либек заработил дури 17 повеќе пари отколку кога мечот би го играле на нивното мало стадионче. Борусија Дортмунд на крајот славела 1:4, поминала во следна рунда и на крајот сите задоволни го напуштиле стадионот.
Головите за Борусија Дортмунд чиј тренер во новава сезона е некогашниот играч на екипата, Нури Сахин, ги постигнаа Валдемар Антон (3’ минута), Емре Џан (31’), Јулијан Брант (45+1’) и Јулиен Даренвил (62’). Единствениот погодок за Либек го дал Обина Илока во 55’ минута.
Борусија Дортмунд во претходната сезона стигна дури до финале на Лига на шампиони каде загуби од Реал Мадрид.