Платини, Баџо, Дел Пјеро, Јилдиз - кој е младиот Турчин кој ја доби 10-та во Јувентус?

Јувентус го продолжи договорот со младиот талент, 19-годишниот Кенан Јилдиз до 2029-та година и веднаш направи потег со кој покажа колку му верува на младиот Турчин. Јилдиз дебитираше за Јуве пред помалку од една година, постигна по два гола во Серија А и Купот, а новиот тренер Тијаго Мота го гледа како клучен играч во новиот проект.

Да добиеш број 10 на грбот во Јувентус значи дека треба стварно да имаш нешто многу повеќе од другите. Да си фудбалски волшебник.

Кенан Јилдиз во првото коло од новата сезона против Комо беше стартер и запиша асистенција.

Јилдиз важи за најголем турски талент заедно со Арда Ѓулер од Реал Мадрид. Двајцата беа дел од Европско 2024 летово а сега ќе ја покажуваат класата во клупскиот фудбал.

Презимето Јилдиз во превод значи - ѕвезда. Тој е роден во Германија (мајка му е Германка, татко му Турчин). До 17 години бил во школата на Баерн Минхен. Во последната сезона во Минхен имал 6 гола и 8 асистенции на 20 меча за У-19 тимот. Но во 2022-ра Баерн не се договорил со него за нов договор па Јувентус ја искористи шансата и го доведе младиот талент во Торино.

Кенан може да игра центарфор, полушпиц, крилен напаѓач. Претходно носел број 10 во младинците на Баерн и Јуве. А сега добил 10-ка во прв тим што многу, премногу тежи.

Претходно овој број во Јувентус го носеа клупски легенди како Мишел Платини, Роберто Баџо, Алесандро Дел Пјеро, Фабио Капело, Омар Сивори, Карлос Тевез, Пауло Дибала и легендарниот Гаетано Ширеа иако бил дефанзивец (во сезоната 1975/1976).

„Сум играл со многу играчи, ама никогаш не сум видел таков талент. Се кладев со еден човек дека Кенан ќе биде кандидат за „Златна топка“ во следните пет години. Сигурен сум дека ќе добијам пари“, рекол доскорешниот голман на Јувентус Полјакот Војчех Шчесни.

ДУРИ И ДЕЛ ПЈЕРО ПРЕДЛОЖИЛ БРОЈ 10 ЗА ЈИЛДИЗ

Алесандро Дел Пјеро во 1995-та ја наследи тешката 10-ка од култниот Роби Баџо. Тоа се случи во последното коло од сезоната во која бјанконерите освоија скудето во Серија А (првпат после цели девет години). 

Јувентус го освои и Купот на Италија и стигна до финале на Куп на УЕФА. За 20-годишниот Дел Пјеро тоа беше втора сезона во првиот тим на Јувентус но веќе играше многу важна улога, даваше и местеше голови.

Интерено Алекс беше првиот фудбалер кој ја носел 10-та со презиме на грбот. Пред него фудбалерите носеа дресови само со број без презимиња на грбот.

Дел Пјеро ја зацементира 10-та се до заминувањето во 2012-та. На прошталната прес-конференција го прашаа треба ли Јувентус да го повлече тој број од употреба? Така во 2000-та постапи Наполи кој го сочува бројот 10 за вечниот Диего. За Баџо 10-та ја повлекоа во Бреша.

Алекс ја одбил оваа идеја. „Секое дете треба да мечтае за тоа еднаш да го понесе тој број“.

Во 2018-та Дел Пјеро во Лос Анџелес отворил ресторан со назив No. 10.

По заминувањето на Пинтуричио, бројот 10 го доби Карлос Тевез во 2013 па Пол Погба во 2015.

Откако Погба си замина, Алесандро Дел Пјеро 10-та ја препорачувал за Дибала: „Необично е што бројот 10 никој не го бира, но светот силно се смени. Дресот на Јувентус со број 10 е крајно важен. него не го носев само јас, туку и Сивори, Баџо, Платини. Би сакал Дибала да ја носи исто. Но нему му се допаѓа број 21 со кој исто има историја“, рекол Дел Пјеро.

Пауло набрзо ја послуша легендата и ја носеше 10-та од 2017 до 2022. Интересно кога Дибала замина во Рома, тој број и таму беше еднакво, ако не и уште потежок. Тој број таму е во мирување уште од 2017-та кога кариерата ја заврши големиот Франческо Тоти.

„Директорот ми предложи да го земам бројот 10, кој е многу важен тука за се што направил Тоти. Тој дрес треба да остане за него. Им се заблагодарив зошто со таков број треба да се има почит и одговорност. Можеби некогаш и ќе го облечам но за сега сум задоволен со број 21“, рекол Дибала.

Франческо за разлика од Дел Пјеро имал потврд став па еднаш рекол дека „сега ен е време некој да го облече бројот 10 во Рома. Секогаш сум велел дека не треба да го повлечат од употреба, зошто за него треба да сонуваат деца како што сум сонувал и јас самиот. Не е лесно да се носи после мене. Кога сега само во Рома би се појавил втор Тоти или Меси, тогаш јас сам би го однел дресот со број 10 на аеродром“, рекол Франческо.

Не ја сменил позицијата ниту во 2023-та кога рекол: „Ја заслужува ли Дибала 10-та во Рома? Ја заслужува само ако остане уште 10-20 години тука“.

А Дел Пјеро а Јилдиз минатата сезона рече: „Тој е еден од тие млади фудбалери чија игра најмногу ми се допаѓа од сите. Тој веќе покажа што знае. Би му го доверил дресот со број 10“.

21 август 2024 - 09:48