Најава за документарецот на Свен Горан Ериксон во кој се одјавува со проштална порака

76 годишниот шведски стратег со богата 42 годишна меѓународна кариера, на почеток на годинава соопшти дека има рак и дека не му преостанува многу време. За легендата очекувано ќе има документарец кој премиерно ќе биде прикажан на 23 август. Во него се појавуваат имиња како Манчини, Бекам и Руни.

„Имав добар живот. Можеби предобар. Немојте да жалите, насмејте се. Сеќавајте се на убавите времиња. Животот е тажен, но е прекрасен. Сите се плашиме од денот кога ќе умреме, но смртта исто така е дел од животот. Ви благодам за сè, тренери, играчи, навивачи“, стои во дел од неговата порака.

Величествен пречек на Свен Горан Ериксон на Олимпико во Рим

„Standing ovation“ за Свен Горан Ериксон на Енфилд, Ливерпул му го исполни сонот

 

21 август 2024 - 14:29