Во финишот на големото дерби во Венецуела меѓу Тачира и Каракас, судијата по прегледување ВАР му поништил речиси чист гол на Каракас. Гостинските фудбалери бурно реагирале, добиле и два директни црвени картони поради протести, но одлуката останала на сила и мечот завршил нерешено 1-1. Во фудбалската лига на Венецуела има необично правило секој меч кој ќе заврши 1-1 да продолжи на пенали каде ќе се реши победникот. Гостите од Каракас од револт шутирале далеку од голот, лежерно и намерно.