Давид Де Хеа му се врати на фудбалот после 447 дена

Некогашниот шпански репрезентативец и легендарен голман на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа конечно пак застана меѓу стативите. По долга повеќемесечна пауза, по точно 447 дена, шпанскиот голман го облече дресот на Фиорентина и дебитираше во плејофот за Лига Конференции кој заврши 3:3. Де Хеа дури три пати ја вадеше топка од својот гол па сега пред реваншот во Унгарија, виолетовите ќе имаат тешка задача.

Последниот натпревар Де Хеа го имаше во јуни 2023-та кога изгуби од Сити во финалето на ФА Купот 2:1. Шпанецот замина од Манчестер Јунајтед како слободен агент и се надеваше дека брзо ќе најде нов предизвик, очекуваше понуди од големи клубови надвор од Англија.

Тоа не му појде од рака, за неговите услуги не се заинтересираа големите клубови па тој цела година и повеќе тренирал самостојно.

Во летото 2024-та Фиорентина му пратила понуда. „Само што ми се јавија од Фиренца не размислував долго“.

Откако потпишал договор тој признал дека не е спремен веднаш да брани: „За жал, ќе ми треба време за првите натпревари за да влезам во ритам, но во фудбалот сум многу години така што просто ставете ме на голот“.

Давид почнал да тренира со виолетовите на 12 август. На првиот натпревар од сезоната против Парма (1:1) Давид останал на клупа за резерви а после пет дена почна од стартот.

„Години поминав во Манчестер, а потоа се вратив во Мадрид. Сакав да останам на топ ниво но не останав. Тешко е да се тренира сам. Беше тешко да се најде мотивација, за да се оценат понудите кои стигнаа минатото лето, затоа земав еден академски одмор“.

Фиорентина во баражот за влез во Лига Конференции игра против унгарска Академија Пушкаш, основана во 2005-та година од владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Клубот првин се викал Фелчут, а после две години го преименувале во чест на најголемата унгарска фудбалска легенда.

Екипата игра на стадионот „Панчо Арена“ која е така наречена исто во чест на Панчо, каков што бил прекарот на Пушкаш во Мадрид. Орбан силно го помогнал клубот со финансии. Академија Пушкаш минатата сезона заврши трета во Унгарија. Шампионот Ференцварош игра во квалификации за Лига Европа, второпласираниот Пакш и третопласираната Академија Пушкаш се борат за влез во Лига Конференции.

 

23 август 2024 - 09:42