Offside

Ракометарите на Охрид го остварија најголемиот успех во клупската историја откако се пласираа во големото финале на Европскиот Куп. На реваншот одигран во преполната сала „Билјанини извори“, Охриѓани го совладаа словенечки Целје на пенали 4-3 откако во основниот дел резултатот беше 25-24.

Да си поиграме малку мачката и глушецот

Не се ова Олимписки игри, туку трка под името „Sprint With The Stars“ или можност на деца пливачи да се тркаат на 50 метри со олимпиец.

Поенот кој ја одбележа битката на титаните

Ѓоковиќ лесно го суреди Надал со 2:0, но ќе беше уште полесно ако го немаше оној пад при водство од 4:0 во вториот сет. Ако треба да го избереме најатрактивниот поен кој му го зема на човекот кој царува на земјината подлога на Роланд Гарос со 14 трофеи, тогаш тоа е ова безобразно враќање, за кое и од противникот доби аплаузи.

Ѓоковиќ го збриша Надал во два сета и го исфрли од Париз

Кралот на земја има само 5 порази на Роланд Гарос на дури 117 меча. Три од нив му се од Новак Ѓоковиќ.

Атракција на Кале на младиот Стојковиќ

Од Париз се селиме во Скопје, каде македонската репрезентација до 18 години ја совлада Чешка и сега има 3 од 3 на Европското првенство - Б дивизијата. Стефан Стојковиќ заслужува внимание со ова забивање, кое не се гледа секој ден во нашиот јуниорски национален тим. Браво дете.

Бомбастичен деби гол на 16 годишник од Ривер кој е на радар на Реал

На европскиот фудбал му се надѕира нова ѕвезда која постојат шанси да заигра на Бернабеу. Се вика Франко Мастантуоно, има само 16 години, а деби голот во аргентиското првенство е сон за милиони деца на негова возраст. Од слободен удар, во 87-ма минута, за победа на Риверт Плејт над Сармиенто од 1:0. Мартин Демикелис го прослави со солзи. Ова му е последен меч на кормилото на Ривер.

Србија против САД со и без Јокиќ

Кошаркарското дерби на Олимписките игри заврши со голема предност на Американците, кои се испостави дека работата ја завршиле додека МВП-то седел на клупа.

Луда работа, Јапонка освои златен медал на 14 години

Добро, уличниот скејтбординг е спорт во кој доминираат тинејџери, но сепак не е дека на секои четири години златото го освојуваат девојчиња на нејзина возраст. Ова е врвно и многу ретко олимписко достигнување.

Последниот олимписки дуел Ѓоковиќ - Надал

Таа нивна битка на Олимписките игри датира од полуфиналето во Пекинг 2008. Тука Рафа има 22, а Новак 21 година. Шпанецот победи 2:1 и се пласираше во финале каде го совлада Чилеанецот Фернандо Гонзалес и тоа му е единствен златен олимписки медал. Ѓоковиќ остана на бронзата.

Си биле двајца Македонци и еден Србин

На Олимписките игри има место само за најдобрите.

Страшна шутерска партија на Кевин Дурент за кој Србите немаа одговор

35 годишниот член на Феникс, никогаш до сега во кариерата не успеал да постигне 20 поени во едно полувреме со 100% од поле.

Јапонската џудистка за која не постои опцијата „важно да се учествува“

Ута Абе има 24 години и во последните 8 години има освоено 22 медали од кои 19 златни. Се работи за четирикратна светска шампионка, која во Париз беше дојдена со една цел, а тоа е да го одбрани златото во џудо во категорија до 52 килограми. Но во второ коло загуби од Узбекистанката Диора Келдијорова, а тоа значи крај на Олимписките игри, како да е крај на светот. Тренерот никако не успеваше да ја смири. Во очај беше.

Безобразно забивање на Порторико

Јужен Судан го совлада Порторико со 90:79 и со тоа ја запиша првата победа на Олимписките игри по незавосноста во 2011-та. Затоа пак Порторико веќе го има потенцијалното забивање број 1 на овие Олимписки игри. Дрскиот потег е дело на Џорџ Кондит.

На Јужен Судан му ја утнаа химната

Втор гаф од организициски аспект на Олимписките игри. Јужна Кореја на церемонијата на отворањето на ја претставија како Северна, а на Јужен Судан против Порторико во кошарка, ја пуштија химната на Судан. Инаку се работи за две непријателски соседни земји. Јужен Судан се здоби со автономија после граѓанска војна, а во 2011 година доби независност и беше прифатена во Обединетите нации.

Мојсовска не обезбеди финале во Париз, но имаше солиден настап

Анастасија Мојсовска e втората македонска спортистка која настапи на Летните олимписки игри во Париз, како и втора за која е завршена Олимпијадата.

Истиов лик ја елиминираше во ЛШ Барса со Меси

Тоа беше сезоната 2017/2018, кога целосно неочекувано и шокантно за навивачите на Барселона, Рома успеа да ги мине во четвртфинале после пораз на Камп Ноу од 4:1. Голот за 3:0 вреден полуфинале за Рома го постигна Костас Манолас. Да видиме како тера летово.

Париз нека му ја мисли, Реми ги напаѓа медалите

Легендарниот француски комичар и јутјубер Реми Галард кој го држи 100-от најпретплатен канал за комедии на Јутјуб со 7,4 милиони претплатници, веќе е во полн трк на Олимписките игри. Овде само златни медали гледаме.

Олимпискиот оган лебдеше на балон, а си го подадоа Зидан и Надал

Олимписките игри и официјално се отворени. Париз направи спектакуларно и уникатно 4 часовно шоу, невидено до сега, бидејќи не се одржа на стадион, туку на отворено, во центарот на градот, со многу гламур, мода, уметност, спорт, музика. Церемонијата на лице место ја следеа околу 300.000 луѓе.

Како беше запален олимпискиот оган во Барселона 92?

За едни како да беше вчера, други пак не биле ниту родени. Олимписките игри во Барселона 1992 се култи и незаборавни по многу нешта, како на пример незаборавниот дрим тим на САД, но и уникатниот начин на кој беше запален олимпискиот котел.

Македонските олимпијци продефилираа на мега спектаклот во Париз

Со почеток од 19:30, стартуваше до сега невиденото дефиле на преку 10.000 спортисти на Олимписките игри во Париз кои за прв пат парадираат на река, а не на стадион.

Како се движат цените за Олимписките игри?

За сите спортови со исклучок на тенис, најевтината карта е 24 евра. Најскапите карти се продаваат за атлетика, кошарка и пливање и тие чинат 980 евра, а најевтините три спортови се скејтбординг, БМX и веслање. Задоволството да се следи отворањето чини од 90 до 2.700 евра.

Поен со 80 милиони прегледи од спорт кој се стреми да стане олимписки

Пиклбол е мешавина на тенис и пинг понг измислен во Америка пред 60 години. Водечките тела на овој спорт тврдат дека Меѓународниот олимписки комитет сака да го признае и да го вклучи на Олимпијада после 2032-ра.

Се најде јунак кој го имитира Мамиќ

Се работи за тиктокер по име Мамињо кој се среќава со вистинскиот Мамињо и го кине оригинал во тоа гласот, ама оригинал.