Австралискиот новинар од „Канал девет“ Тони Џонс пред некој ден ги исмевал српските навивачи во Мелбурн и му упатил навреди на Новак Ѓоковиќ. Тој во едно обраќање од Мелбурн Парк по натпревар на Ноле рекол:
„Добродојдовте назад на Мелбурн Парк, каде можете да ги видте навивачите на Ѓоковиќ во полн сјај... Новак е преценет! Новак е поранешен веќе. Исфрлете го Новак“, рекол Џонс додека гледал кон масата и додал во камерата свртен кон навивачите: „Мило ми е што не ме слушате“.
I’m sure TJ would never ever have said this about Fed or Nadal.
— Valerie💐 (@AussieVal10) January 17, 2025
Very ugly hey @DjokerNole
Unprofessional @9NewsMelb pic.twitter.com/1rDob11pvX
Ѓоковиќ по натпреварот со Јиржи Лехечка на теренот даде само кратка изјава за легендарниот Џим Куријер а подоцна на прес-конференција рекол:
„Здраво луѓе, ви благодарам многу на поддршката, одличен натпревар против Лехечка кој е во добра форма. Едвај го чекам натпреварот со Карлос. Сакам само да се вратам на она што се случи на теренот. Причината поради која не дадов интервју после мечот, што е вообичаено после победите, е таа што пред пар денови еден познат новинар од Австралија кој работи за главниот носител на тв права за Отвореното првенство на Австралија, за Канал 9, реши да ги вреѓа српските навивачи и имаше навредливи и погрдни коментари за мене. Се надевам дека ќе се извини јавно, што не се случи уште, како што не стори ниту Канал 9. Затоа не дадов интервју, секако, ми беше чудно на теренот, јас имам огромна почит за Џим Куријер“.
Новак потврди дека нема да дава изјави на теренот се додека не од Канал 9 не му се извинат нему и на српските навивачи што новинарот Тони Џонс го сторил синоќа. Тој навел дека неговиот „хумор“ е погрешно протолкуван.
„Ако ја погледнете нашата утринска емисија, ќе добиете претстава за тоа како работиме. Ниту во еден момент не мислев на непочит кон Новак и се извинувам поради тоа. Сигурно немав никаква намера да го навредам“, рекол Тони Џонс кој претходно не се огласуваше па предизвика револт кај Новак.
Србинот доби поддршка и од Илон Маск, најбогатиот човек на светот. Тој на мрежата Х го реобјавил обраќањето на Новак и напишал: „Многу е подобро да и се обратите на јавноста директно отколку да минувате низ филтерот на негативности на официјалните медиуми“, напишал Маск на што Новак само додал „Навистина“.