Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Две бразилски мајстории во две минути

Со двата гола на Лукас Мура и еден на Оскар, Сао Пауло го доби Коринтијас со 3:1. За одбележување се 62-та и 63-та минута, кога прв гостите намалија со бомба преку Хозе Мартинез. Следната минута конечниот резултат го постави 32 годишниот Лукас Мура кој се врати во Сао Пауло откако по пет сезони ги носеше дресовите на ПСЖ и Тотенхем.

Реал Мадрид го испочитува големиот Дражен Далипагиќ

Откако по долго боледување во саботата во Белград почина големиот Држаен „Праја“ Далипагиќ, најдобар стрелец во историјата на Партизан, овој великан го испратија и многу други клубови. Родениот Мостарец освен за Партизан играше уште и за Венеција, Реал Мадрид, Удине и Верона.

Од Нејмар го учеше ролањево а?

Не дека не го удри, имаше контакт, ама па и не е дека палка му извади. Се ролаше по цел терен како пита гиро.

ИХФ го смести Галевски во топ 10 одбранети пенали

Младата ракометна надеж од Алкалоид, кој беше повикан на Мундијалот како трет голман, доби минутажа против Франција и си го направи ќеифот. Му фати пенал на Ричардсон и влезе во топ 10 листа. Инаку Иван Галевски има 20 години.

Убави кадри и добар гест на Мечка

И покрај непријатните мигови на трибините со обезбедувањето, престрогиот третман на влезовите и скапите карти, македонските лица во Вараждин беа задоволни на крај. Со насмевки ги испратија момците на Кире Лазаров и ги бодреа од првиот до шестиот натпревар. Милан Лазаревски израдува две деца.

Македонија го заврши Мундијалот со нов храбар настап и достоен пораз од Франција

Македонската ракометна репрезентација загуби, но не разочара на последниот меч од Светското првенство. Главата горе момци. Оценката е повеќе од преодна за севкупниот настап на цел турнир.

Наумче Мојсоски и Наум Петрески ја пејат Лихнида кајче веслаше во Вараждин

Никој не прави атмосфера како нас кога Македонија игра ракомет, ај ти. Македонските навивачи имаат сериозна километража на вакви првенства, педигре и организација. Рокај звучките да се потсетите што сè се случувале на Светското 2009 во Хрватска.

Австралија опен 2005, Шарапова сервира за победа против Серена Вилијамс

Само шест месеци пред оваа полуфинална битка, Марија Шарапова го освои Вимблдон на 17 години, откако ја изненади Серена во финале. И после тој успех, веќе никогаш не успеа да ја добие во финале на Гренд слем. Погледнете каква златна шанса пропушти и како и одговори Американката.

Ја имаме ли хокеј тепачката на годината?

Рајан Ривс против Матју Оливие. Квалитетно, машки, со голи раце. По прописи.

Ѓоковиќ до Зверев: Ти посакувам да ја освоиш титулата пријателе

Новак Ѓоковиќ го предаде полуфиналето на Австралија опен против Александар Зверев по завршувањето на првиот сет. Причината е повреда на мускулот која ја заработи во првиот сет против Алкараз. Се надеваше дека со два дена одмор и рехабилитација, како и без тренинзи ќе ја победи и ќе биде спремен, но не успеа. Се огласи на Инстаграм со прекраска порака до Зверев.

Јако ракометно ретро од СП 2005, Лино против Вујо

Се работи за битка вредна полуфинале на Мундијалот во Тунис меѓу Хрватска, актуелен светски првак од 2003-та и селекцијата на Србија и Црна Гора. Вујо има негатива од еден гол и последен напад од 15 секунди. Се одлучува со тактика 7 на 6. За Хрватска тогаш играат ликови како Ивано Балиќ, Џомба, Игор Вори, Лацковиќ, Голуза, а за Србите брани Штербик.

Норвешка не е повеќе за ВАР

Најдобрите норвешки клубови гласаат за укинување на ВАР системот после бесот на навивачите.

Капитенот на Македонија слета во Бодрум, има нов клуб

Енис Барди го напушти Трабзоспор, но остана во Турција. Го облекува дресот на Бодрум.

Чекајки го Кајл Вокер во Милано

Милан може да се пофали со звучно име во одбрана во јануарскиот преоден рок. Се работи за искусниот Кајл Вокер кој го ангажираа после 8 славни години во Манчестер Сити со кој освои 16 трофеи. 34 годишниот англискиот бек, доаѓа на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп за само 4 милиони фунти. Новинарските екипи кои го чекаа на аеродром, снимија необична сцена.

Квалитетни киксови на Мегваер и голманот на Ренџерс

Манчестер Јунајтед се извади некако на дуелот против Глазгов Ренџерс од ЛЕ и го доби со 2:1 со гол во судиско. Во 52 минута, голманот на гостите Џек Батланд ја боксуваше топката во сопствениот гол. 88-ма минута израмнување поради страшно лошата проценка на Мегваер. 92-ра минута на сцена стапи Бруно Фернандеш. Одиме со ред.

Јокиќ: Мислам дека ова е најдобрата кошарка во мојот живот

„Мислам дека ова е најдобрата кошарка во мојот живот. Се чувствувам добро. Во форма сум. Топката влегува. Мислам дека можам да влијаам на играта на различни нивоа", вели Јокиќ кој доминираше против Сакраменто Кингс со петти трипл-дабл по ред, 20-ти оваа сезона, 150-ти во кариерата од регуларниот дел на сезоната или вкупно 168-ми, заедно со 18-те од плејофот.

Кузмановски: Ова е награда за сите наши настапи, изгинавме еден за друг

Фитиљ е во животна форма и игра врвен Мундијал. Оправдано е горд на севкупниот перформанс на Македонија.

Кои се математиките на Македонија за сензационално четвртфинале?

Македонската ракометна репрезентација игра одличен Мундијал, најдобар на оваа генерација која покажа квалитет, храброст, единство и што е најважно голема желба за надигрување. И до тука е супер, за повеќе би било чуда над чудата.

Сјајната комбинација Митев - Пешевски во фокусот на ИХФ

Македонија против Катар одигра како по ноти и покажа моќ со извонредна ефикасност од 39 погодоци. Еден од најубавите моменти на мечот беше проигрувањето на Марко Митев до Жарко Пешевски кој ја реши со вртелешка.

Неверојатен кош на Никола Јокиќ и уште една страшна партија

Српскиот кошаркар го водеше својот Денвер Нагетс до нова победа, овојпат над Сакраменто Кингс со резултат 132:123 во нивната „Бол Арена“ во Колорадо. Никола направи чудо.

Крај за Ѓоковиќ во Мелбурн, предаде меч поради повреда

Еден од фаворитите за титулата на Отвореното првенство на Австралија, Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Гренд слемот откако го предаде дуелот во полуфиналето со Александар Зверев.

Атрактивниот гол на Марко Митев, еден од најубавите на Светското

Средниот бек на скопски Алкалоид, Марко Митев на стартот на мечот со Катар постигна прекрасен гол, со атрактивен шут зад грб. Ова беше прв погодок на Македонија во натпреварот кој на крајот убедливо го доби.

Фантастичната Македонија го растури Катар!

Најдобрата партија македонските ракометари на Светското првенство ја имаа вечерва. Од почеток до крај на мечот му одржаа вистинска лекција на Катар, 39-34 (21-17).

Како двајца репортери гледаа на Ѓоковиќ во 2006

Видеото е од Монте Карло каде Новак Ѓоковиќ е најмлад на ждрепката со тазе наполнети 18 години. Репортериве не е лошо да се потсетат што рекле. Слаб бил и многу гладен во секоја смисла. Не можело да се очекува многу од него.