Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

Навивачка пресметка во Рим со чекани, ножеви и шипки

Жестока тепачка во пресрет на вечерашниот дуел од Лига Европа меѓу Лацио и Реал Сосиедад. 80 италијански ултраси нападнале 70 Шпанци во паб. Првичните информации се дека има 9 повредени. Фотографијата со запленети предмети е језива. И дизалица за кола пронашле.

Тифози на Лацио нападнале шпански навивачи

Синоќа во Рим стотина ултраси на Лацио нападнале навивачи на Реал Сосиедад, пристигнати пред натпреварот од Лига Европа меѓу двата клуба. Римските тифози упаднале во некој ирски паб во Рим каде жестоко ги тепале навивачите од Баскија што се гледа од некои видеа.

На медалите од Олимписки Игри во Париз им опаѓа бојата и сјајот

Да се освои олимписки медал е сон на секој спортист и тоа е најважен трофеј во кариерата на секој олимпиец. Но оние од последните Олимписки Игри во Париз испаднале дека не се баш квалитетно изработени.

Борко Ристовски vs Дарко Станиќ, коментаторите се изнасмеаа

По одличните настапи во Вараждин, македонската ракометна репрезентација на Светското 2009, настапите од втората групна фаза ги продолжи во Задар. Еден од противниците ни беше Србија. Борко не му ја мислеше многу.

Атмосферата во Ротердам која го изеде Баерн Минхен

Иако УЕФА стриктно забранува употреба на пиротехника на стадионите, навивачите на Феенорд се држеа до паролата No Pyro No Party. На стадионот „Де Кујп“ во Ротердам синоќа Феенорд со 3:0 го совлада Баерн Минхен. Луда атмосфера пред и за време на натпреварот.

Камера мајсторите кои се во сенка

На стадионот „Борусија Парк“ во Менхенгладбах има интересна странична камера која што ги следи фудбалерите дури и во најбрзите контранапади. Како на пример оваа контра на Серж Гнабри од Баерн Минхен.

Џими и Мика Ричардс најдобро ќе ви ја објаснат табелата во ЛШ

Фудбалот за гостите експерти во СиБиСи е забава. Посебно кога Џејми Карагер и Мика Ричардс се на смена. Штета што не сврте камерата накај Анри. Барем реакцијата да му ја видевме.

Класа потег на навивачите на Јанг Бојс со дете навивач на Селтик

На толку јаки екипи во Лига на шампиони, никој не зборува за средбата Селтик - Јанг Бојс. Ама затоа во помалите клубови или навивачи, лежат големите дела. Навивачите на Јанг Бојс или со кладилничарски речник „Млади момци“, го имаат гестот на колото со млад навивач на Селтик. Денот му го направија, а и повеќе од тоа. Незаборавен момент за малиот.

Досетките на тренерот на Тотенхем и преведувачот на Хофенхајм

Тотенхем минува низ голема и сериозна криза. Во Премиер лига се дури 15-ти, а две места под нив значи испаѓање во втора лига. Австралискиот тренер Ангелос Постекоглу се брани дека тоа е поради огромниот број отсустни играчи поради повреди. Денес Тотенхем му гостува на германски Хофенхајм а на прес-конференција пред мечот додека преведувачот се закашлал, тренерот на Тотенхем рекол: „Ете, дури и мојот преведувач е повреден“.

Силва где је лопта?

За прв пат во 115 прилики, Манчестер Сити губи натпревар на кој водел 2:0. ПСЖ ги суреди со 4 комада, а богами и Дембеле го суреди Бернардо Силва.

Со снег на корнер знаеш што следува, нели?

Натпреварот Црвена звезда - ПСВ Ајндховен од Лига на шампиони беше чуден. Гостите поведоа лесно 0-3 со дури три гола од прекини во првиот дел, а домаќините се вратија на 2-3, имаа и играч повеќе и шанси за реми но на крај изгубија. Холандскиот репрезентативец Џои Верман не можеше на раат да изведе корнер. Го гаѓаа со топки снег од трибините. Ама им врати од истиот корнер после кој падна гол.

Еднаш и Обрадовиќ да одлепи на забивање

Кошаркарите на Партизан го добија Париз со 92:86 во 23. коло од Евролигата и сега имаат скор од 12 победи и 11 порази. Внимавајте на реакцијата на Жељко Обрадовиќ по забивањето на Карлик Џоунс. Ги изненади сите.

Лудата прослава на ПСЖ со навивачите

Режисерот на големото дерби во Лига на шампиони ПСЖ - Манчестер Сити после натпреварот подолго од вообичаено го вршеше преносот и лудото славје на фудбалерите од Париз. Францускиот шампион направи голем пресврт и од 0:2 се врати и славеше 4:2 против големиот ривал. Прослава како да освоиле Лига на шампиони.

Зошто статистиката малку значи во фудбалот?

Старите искусни тренери знаат да кажат дека сите видео-анализи, таблети, лап-топи, база на податоци паѓаат во вода кога натпреварот ќе почне. Еве доказ за тоа:

ПСЖ го уништи Сити кој падна на 25-то место, Ристовски и Адеми поразени на Емирати

Манчестер Сити се соочи со тежок пораз во претпоследното коло од групната фаза во ЛШ. Водеа 0:2 во Париз, загубија 4:2. Изненадувачки лошо помина и Баерн Минхен на гостувањето против Феенорд. Реал Мадрид пукна петарда, миланските екипи со минимални победи, Динамо немоќен против Арсенал.

Атракција на Белингем во стилот на Зизу, убава завршница на Родриго

Реал Мадрид има 2:0 по првиот дел против Салцбург, а двоен стрелец е Родриго. Џуд Белингем го разубави мечот со асистенцијата. Фантастично одиграно.

Изненадување за Ѓоковиќ од фанови со кои се гледа после 20 години

Австралија опен ни носи прекрасна сторија. Двајца возрасни навивачи, маж и жена се сликале со Новак во Мелбурн пред 20 години и верувале во него дека ќе направи кариера. Се гледаат за прв пат после таа средба и тоа во живо на Еуроспорт. 20 години подоцна, Србинот тежи 24 Гренд слем титули.

Зверев во четвртфиналето на Австралија опен примаше инсулин

На возраст од 4 години Александар Зверев се соочил со проблеми со висок шеќер и веднаш го ставиле на инсулин. Докторските совети пред две децении биле да заборави на тенисот и воопшто на било каков спорт. Не ги слушал ни нив, ниту родителите кои се обиделе да го спречат. 27 годишниот Германец денеска е втор на АТП, а во полуфиналето во Мелбурн ќе игра против Ѓоковиќ.

Академијата на ФФМ во бедно издание

Фудбалската федерација на Македонија објави видео од моменталната состојба во која се наоѓа нивната академија. Ја затекнале во мизерна состојба од претходното раководство. Како да е напуштена земјоделска задруга, а не куќа на фудбалот, која треба да служи како пример и извор за пронаоѓање и негување на таленти.

Специјален појас од Шек за Јокиќ

Шекил О`Онил и Никола Јокиќ имаат посебна конекција, а тоа се должи на респектот на легендарниот центар, кој го има кон актуелниот легендарен центар кој дроби во НБА. Му подготвил изненадување кое рече дека ќе му го прати.

Бомбата на капитенот Кузмановски со најјак коментар

Филип Кузмановски игра ракомет на животот на Мундијалот во Хрватска. Играчот на Еурофарм Пелистер синоќа постигна 4 гола од кои последниот на мечот беше спектакуларен, за голем бод на Македонија. Еве еден пригоден коментар за тој погодок:

Кога фудбалерите на Обилиќ му дадоа голем опинок на Баерн Минхен

Српскиот клуб Обилиќ чиј сопственик беше командантот на Српската доброволна гарда и пратеник во српскиот парламент Жељко Ражнатовиќ-Аркан, една сезона им ја зема титулата на „вечните шампиони“ Црвена звезда и Партизан и играше квалификации за Лига на шампиони.

Игра за Партизан, а не знае кај се наоѓа Белград

Запознајте го 27 годишниот Американец, Тирик Џонс кој има играно во Јужна Кореја, Израел, Италија, Турција, а од лани настапува во Србија. Знаете ли некој појак од него во географија?

Коментатор на Еуроспорт во сред пренос на Ѓоковиќ повика на студентските протести

Ѓоковиќ ја мина тешката четвртфинална пресметка против Алкараз и тоа со пресврт од 0:1 на 3:1, а кога во вториот сет го направи првиот брејк, коментаторот го нарече Новак тениски професор и потоа се надоврза со друга тема.