Оклахома Сити Тандер е нов НБА шампион

Во решавачкиот, седми натпревар од финалната серија, Тандерси ја добија Индијана Пејсерс со резултат 103:91 и испишаа историја. МВП е Шеј-Гилџес Александер.

Foto: EPA

НБА лигата го доби седмиот различен шампион во последните седум години, a тоа е екипата на Оклахома која беше најдобра и во лигашкиот дел со 68 победи.

Ова е прва титула на клубот откако се пресели во Оклахома од Сиетл. Иако формално се смета и титулата на СуперСоникс од 1979 година, клубот и навивачите не ја сметаат за своја.

Еден од клучните моменти во мајсторката се случи во 8 минута од првата четвртина. Најдобриот играч на Индијана, Тајрис Халибартон, мораше да го напушти натпреварот поради повреда. 

Откако потврди дека нема да се врати на теренот, неговиот татко за ESPN изјави: „Станува збор за повреда на Ахиловата тетива“. Доколку дијагнозата се потврди, се очекува да биде надвор од теренот од 10 до 12 месеци.

Со губењето на Халибартон, темпото на тимот значително падна. Индијана успеа да одржи минимално водство до полувремето, со резултат 48:47. Најистакнат играч беше Паскал Сијакам, на кого му се придружија Матурин и Нембхард.

Во третата четвртина, Оклахома значително го подигна нивото на игра, особено со шут за три поени почна. Индијана имаше тешкотии во напад, а Т.Џ. Меконел беше единствениот играч кој повремено успеваше да постигне кош. 

Во меѓувреме, Вилијамс и Холмгрен презедоа поголема одговорност и водството на Тандер нагло се зголеми. По завршувањето на третата четвртина резултатот беше 81:68, по што практично беше решено прашањето на победникот.

Шеј-Гилџес Александер го заврши мечот 29 поени, 12 асистенции, 5 скока и 2 блокади. Вилијамс постигна 20 поени со 4 скока и 4 асистенции, а Холмгрен додаде 18 поени, 8 скока и 5 блокади.

Матурин ја предводеше Индијана со 24 поени, 12 скока и 3 асистенции. Двоцифрен број на поени имаа и Сиакам и Меконел со по 16 поени, а Нембхард даде 15 поени.

23 јуни 2025 - 08:16