
Во мајсторката, која се играше по пауза од 9 години, Оклахома ја победи Индијана со 103:91, а Шеј-Гилџес Александар беше најдобар со 29 поени, 12 асистенции и 5 скока.
Бекот на Оклахома ја заврши финалната серија со просек од 30,3 поени, 5,6 асистенции и 4,6 скока и со тоа е прогласен за МВП.
Канаѓанецот беше лидер на тимот и во текот на цела сезона во која Оклахома имаше најмногу победи и така го доби МВП признанието и за регуларниот дел од сезоната.
Покрај двете МВП награди, Александер го крена и пехарот наменет за најдобриот стрелец на сезоната и со тоа комплетираше три признанија.
Само на тројца играчи претходно им успеало тоа. Тоа се Карим Абдул Џабар, Мајкл Џордан и Шекил О`Нил.
Покрај тоа, Шеј беше прогласен и за најдобар играч на финалето на Западната конференција.
„Неверојатно е, толку многу часови работа, емоции и непреспиени ноќи. Овој тим работеше на тоа и го заслужи. Ова не е само победа за мене, ова е победа за моето семејство, пријателите и сите што веруваа во мене. Ова е исто така победа за најдобрите навивачи во светот. Целта беше да бидам најдобрата верзија од себе и да му помогнам на тимот колку што можам. Тоа е она што нè доведе до оваа титула“, рече Александер.
На 64 натпревари, тој постигна 30 или повеќе поени и вкупно 3.172 поени во сезоната, и ја одбележа годината во која Оклахома забележа 84 победи, изедначувајќи се со третиот најдобар резултат во историјата на НБА.
Шеј-Гилџес Александар беше избран за 11-ти пик на драфтот во 2018 година по една година играње колеџ кошарка. Ја одигра својата прва НБА сезона со Клиперс, кои потоа го испратија во Оклахома како дел од размена за Пол Џорџ.