Offside

Легендарниот бразилски центарфор кој во еден момент беше можеби најдобар шпиц на светот, во отворено интервју за Газета дело Спорт раскажува за својата неверојатна кариера и како тоа што селекторот на Бразил Сколари не го повикал бил повод да падне во тешка состојба и да посегне по разни супстанци.

Кливленд е во транс, навивачите се качија на пожарна

Кошаркарите на Кливленд ја прекинаа најдолгата серија на еден град од САД и Канада кој бил без трофеј во четирите главни спортови на континетот (НФЛ, НБА, НХЛ и МЛБ) од 1964-та. Сега тоа е Милвоки кој последен пат се радувал на титула во НБА (1971). Навивачите со право го превртија градот наопаку. Пред мајсторката се качија на една катна гаража, а потоа по коли и пожарникарно возило.

Родман му честита на Кливленд и го величи Чикаго Булс

Кошаркарите, актуелни и бивши, како и други познати Американци се фрлија на честитики упатени до Кливленд кој ја освои првата НБА титула во својата историја. Меџик Џонсон го вбројува Леброн Џејмс во топ 5 најдобри играчи на сите времиња

Нов спортски аутлет концепт во Македонија

SportVisionOutletStore е првиот и единствен аутлет концепт од ваков вид во Македонија, кој овозможува поголема достапност на спортска опрема од популарниот светски бренд Nike по многу поволни цени.

Кливленд се врати од 1:3 на 4:3 и за прв пат стана НБА шампион

Кливленд Кавалирс е првиот тим во најсилната кошаркарска лига во светот кој успеал од негатива од 1:3, да направи целосен пресврт и да ја освои шампионската титула, инаку прва во својата историја. Трипл дабл за „Кралот“ кој ја слави третата титула во кариерата.

Што сè треба да се случи за Албанија да оди понатаму?

По историскиот прв пласман на едно Европско првенство, албанските репрезентативци ја остварија и првата победа, против Романија 1:0. Шансите да одат во следната рунда како најдобра трета селекција се теоретски, но сепак постојат. Еве што треба да им се оствари иако е малку остварливо.

Франција и Швајцарија одат понатаму, прв гол за Албанија на ЕП

Во последното коло од групата А, Албанија го оствари првиот историски триумф на едно големо натпреварување. Франција и Швајцарија мирољубиво 0:0 за пласман во следната фаза.

Розберг незадржлив, Хамилтон без подиум

Германскиот пилот Нико Розберг е победник на осмата сезонска трка која се возеше во Азербејџан. Шампионот Хамилтон без подиум.

Роналдо трагичар, Португалија се изнашутира и не победи

Португалија - Австрија 23:3 во вкупен број на шутеви, но конечниот резултат на средбата е 0:0, втор на ова Европско. Кристијано Роналдо промаши пенал во 79 минута и со тоа неговата селекција останува со два бода по два меча.

Еве сум, јас гаѓам со бакљи

Хулиганите кои го планирале инцидентот на мечот Хрватска - Чешка прво ги видовме маскирани во шума, а сега еве и еден момак од близу на стадион кој е дел од бандата, се пофали да го видиме.

Исланд си постигна автогол во 88-ма и испушти осминафинале

Со голот на Сигурдсон во 40 минута од пенал, селекцијата на Исланд имаше минимално водство кое ќе им обезбедеше историски пласман во нокаут фазата, но Биркир Севарсон во обид да расчисти една топка ја пикна во гол. Вака Унгарците се блиску до осминафинале.

Казни од 860.000 евра за Хрватите

УЕФА во понеделник ќе се произнесе околу казните кои ќе ги добие хрватскиот фудбалски сојуз за инцидетите на мечот Хрватска - Чешка. Со таа парична казна се очекува да заокружат износ во висина од милион евра кои ги исплатиле поради бељите на нивните навивачи.

Кога ќе научиме ние вака да додаваме

Што сè му претходеше на третиот гол на Шпанија против Турција. Најсвеж пример на тики така играта. Оди па земи им ја.

Белгија ја збриша Ирска

Со двата гола на Лукаку и погодокот на Витсел, селекцијата на Белгија стигна до првиот триумф на ЕП 2016 со кој се доближи до осминафиналето. Во третото коло ќе имаат директен дуел со Шведска за втората позиција во групата

Видео од тепачката меѓу Хрватите

Официјално одговорност не презедоа ниту Бед Блу Бојс, ниту Торцида, иако уште пред почетокот нивни членови најавуваа голема борба на секое поле против врхушката во хрватскиот фудбал. Оние кои немаа таква намера, вчера реагираа на фрлањето бакљи во терен од поединци и започна тепачка.

Хрватската влада заседава поради хулиганските нереди

Нередите на стадиинот во Сент Етјен започнаа во моментот кога се запали и на терен се фрли првата бакља. Набрзо следуваше и топовски удар од кој настрада еден од работниците на теренот кој одлета неколку метри.

15 хрватски хулигани го испланирале прекинот за кој знаеле во федерацијата

Хрватската фудбалска федерација нема да биде исфрлена од ЕП 2016, но ќе биде казнета. Зад вчерашниот инцидент во Сент Етјен стојат навивачите на Хајдук и Динамо Загреб чии планови биле да гаѓаат од повеќе места.

Фатих Терим збесна

Турската репрезентација одигра два меча и прими четири гола а не даде ниту еден. Бледата игра го изнервира легендарниот турски селектор кој вриеше од нервоза.

Шпанија зема залет, Нолито и Мората решетаат

Вториот меч од групата Д заврши со убедлив триумф на Црвената фурија над Турција со 3:0. Шпанците им се придружија на Италијанците и Французите во осминафиналето.

Пенал за Чешка во 93-та за реми против Хрватска

Дури во 20-от натпревар на Европското првенство во Франција паднаа повеќе од 3 гола. Хрватска со головите на Перишиќ и Ракитиќ имаше победа за осминафинале, но Чесите се изборија за драматичен финиш и во последните 15 минута израмнија на 2:2.

Како се загрева Рашфорд

Талентот на Манчестер Јунајтед вчера му го сруши рекордот на Руни. Неговиот постар клупски колега дебитираше за Англија на ЕП 2004 со 18 години и 234 дена, а Маркус Рашфорд влезе против Велс во второ полувреме со 18 години и 229 дена. 

Италија е осминафиналист

Италијанскиот напаѓач Едер од Интер кој има бразилско потекло, ги однесе Азурите во нокаут фазата на Европското првенство со гол во 88 минута. Златан Ибрахимовиќ се изрезили пред гол, а потоа судијата свирна офсајд.

Германија и Полска за првата нула без голови на Европското

Германија и Полска одиграа 0:0 во второто коло од групата Ц и освоија по бод кои веројатно ќе значи осминафинале и за двете репрезентации.

Историски прв триумф за Северна Ирска

По тешки услови поради град на новиот стадион во Лион, Северна Ирска ја забележа својата прва победа на едно Европско првенство откако со 2:0 ја совлада бледата Украина.