Offside

Некогашниот македонски репрезентативец Илија Несторовски кој врвот на кариерата го имаше во италијански Палермо каде од коло во коло даваше голови против големите италијански клубови, сега после неколку повреди се врати во Хрватска од каде го трасираше фудбалскиот пат. Игра за Славен Белупо и тоа како игра.

Гризман изведува слободен, голманот споменик

Без голем залет и без силување, туку само технички перфектно изведено, со искуство. Така шутира 34 годишниот Антоан Гризман. Играчите од жив ѕид бадијала скокнаа, а голманот на Депортиво не ни се фрли.

Бурак Јилмаз му се сипа на судијата, па за врат го фати својот помошник

Кочаелиспор, каде игра Дарко Чурлинов, загуби 1:0 од Газиантеп на гости во Купот на Турција. Довчерашниот турски напаѓач, Бурак Јилмаз, кој од минатото лето е тренер на Газиантеп, ги загуби нервите и очекувано доби црвен.

Миљан Миљаниќ, учителот на Реал Мадрид испратен во вечноста со „Битола мој роден крај“

Го знаете ли битолчанецот кој му беше ментор на Висенте дел Боске и кој на Сантијаго Бернабеу беше претставен од Сантијаго Бернабеу? Инаку селектор на Југославија во четири наврати, како и добитник на Орден за заслуги од страна на ФИФА.

Има нешто и до почит - цела сала на Торонто стана на нозе за Лоури

Филаделфија '76 го совлада Торонто Репторс на гости 115-102 и ја забележа 22-та победа сезонава. Најефикасни беа Тајрис Макси со 33 поени и Жоел Ембид со 27 поени, 8 скока и 4 асистенции. На клупата кај Фила беше 39-годишниот ветеран Кајл Лоури кој 9 меча по ред не влегувал во игра воопшто. Се до синоќа кога во салата на Торонто Репторс со кого освои шампионска титула не го скандираа неговото име, па тој се соблече и влезе во игра.

Како после Бразил да нема 5 светски титули?

Кога цела земја ужива со топката, дали на улица, во прашума, на Копакабана, на Маракана....

Навивачите на Абердин со парола го закачнаа Бојан Миовски

Првиот центарфор на македонската фудбалска репрезентација Бојан Миовски се прослави во дресот на шкотски Абердин каде блескаше и се изнадава голови во две сезони. Кога дојде време за нов предизвик, тој направи трансфер во Ренџерс, славниот и трофеен клуб од Глазгов. Сега првпат после селидбата се врати во Абердин. Го пречекаа со цела кореографија и парола на негова сметка.

Тренерот на Бостон повторуваше како папагал само два збора

Бостон Селтикс изгуби тесно 98:96 од Индијана Пејсерс која постигна кош на шест секунди пред крајот за победа но во тој напад очигледно имаше фаул на Паскал Сијакам и други судиски грешки. Тренерот на Бостон Џо Маѕула после натпреварот на прес-конференција пак даваше необични одговори. Овојпат се реши само да повторува два збора „Илегал скрин“ односно „Неправилно поставен блок“. Новинарите имаа различни прашања, а тој на шест поинакви прашања го даваше истиот одговор па овие кренаа раце од пресот.

Првпат во историја: Париз го победи ПСЖ и го исфрли од Куп на Франција

Само неколку дена откако за првпат после 47 години се сретнаа меѓу себе на официјален натпревар, кога ПСЖ го победи најблискиот и прв комшија Париз 2-1 на 4-ти јануари, синоќа само осум дена подоцна Париз направи сензација и го совлада европскиот шампион во дуел од Купот на Франција.

Собослаи од место, многу дрско

Ливерпул со 4 парчиња го почасти Барнсли во ФА Купот. Стрелаа Фримпонг, Вирц и Екитике, а резултатот во 9 минута го отвори Доминик Собослаи со голчиште.

Гакпо е хит, со една копачка влечеше контра

Ливерпул го совлада Барнсли 4:1 во 3. коло од ФА Купот. Коди Гакпо е најјак. Кај трчаше бос со една копачка на нога, а другата во рака, па уште и топка бараше гол да даде.

Има во џеб да ве ставиме

Сенегал - Египет и Нигерија - Мароко се полуфиналните двојки во Африканскиот Куп на нации. Сенегалците имаат порака за своите противници.

Реал Мадрид го отпушти Чаби Алонсо, се знае наследникот

Со взаемен договор и согласност на двете страни, Реал Мадрид и Чаби Алонсо го раскинале договорот. Веста доаѓа само ден по поразот од Барселона во финалето на шпанскиот Супер Куп одигран во Џеда.

Тешко нас со Португалците, ја преслушале Шпанија на гости

Македонија брои ситно до новиот јануарски предизвик наречен Европско првенство. Противниците ни се ем тешки, ем играат во топ форма. Ќе биде потребен максимум од максимумот.

Избегната катастрофа на боб санка - возач сам возеше 120 км/ч

Тројца членови на боб тимот на САД не успеале да се сместат во бобот и го оставиле својот колега и пријател Крис Хорн сам да ја помине цела патека во Сент Мориц, Швајцарија каде се одржува Светскиот Куп.

Најлудиот старт на старт на натпревар

Шокантен фаул на времето на дуел од германски Куп.

„Излези момче“ грмеше на Австралија опен за Лина

Лина Ѓорчевска имаше голема македонска поддршка во Мелбурн на мечот против Синја Краус која ја изненади со 2:0 во сетови (7:5, 6:0) и успеа да и земе 10 гема по ред. Во второто коло, повторно има тежок противник, а тоа е Тамара Зиданшек од Словенија, која е 151-ва во светот.

Конте им се з'гна на судиите, па го исклучија

Исклучувањето на Антонио Конте на дербито на 20. коло во италијанска Серија А меѓу Интер и Наполи не е изолиран случај. Од 2011-та па до ден-денес, цели 15 години Конте како тренер се оправа со судиите, што англиски, што италијански, што европски. Има краток фитиљ и добива црвени картони.

Неверојатните 3 дена на Гендузи

После две сезони во Лацио, кој го купи од Олимпик Марсеј, Матео Гендузи направи трансфер во Фенербахче вреден 29 милиони евра. Работава излезе вака: Дојдов, потпишав, дадов гол и освоив трофеј.

Ендрик со феноменално деби за Лион

Младиот Бразилец Ендрик на феномален начин дебитираше за Лион како позајмен играч од Реал Мадрид до крајот на сезоната. Напаѓачот доби шанса од почеток од тренерот Пауло Фонсека на големото дерби против Лил на гости, а Ендрик возврати со прекрасен гол во 42' минута за победа 1-2.

Мбапе на удар на јавноста, не сакал да слушне за шпалир за Барселона

Навивачите на Барселона, а и оние неутралните го напаѓаат Мбапе на друштвените мрежи зошто Французинот ги одвратил своите соиграчи од намерата да направат шпалир за шампионот Барселона во финалето на Суперкупот.

Јокиќ во игротека

Најдобриот светски кошаркар паузира веќе неколку недели поради незгодна повреда. Во времето кога не е на клупата кај своите играчи на натпреварите на Денвер каде им помага со совети, игра со ќерка му во игротека.

Спектакуларно Ел класико, Барселона пак го разби Реал Мадрид

Неверојатно финале на шпанскиот Суперкуп се одигра во Џеда, во Саудиска Арабија каде втора година по ред четири шпански клуба играат за вредниот пехар. Барселона лани го демолираше Реал со 5:2, а годинава го доби 3:2 во незаборавен дуел.