3 ГОЛА ВО СУДИСКО ПРОДОЛЖЕНИЕ ОД ПРВ ДЕЛ 45+
Екипите уште од самиот старт на средбата играа отворено. Реал имаше шанса преку Винисиус но Бразилецот слабо шутираше. Каталонците возвратија во 35' минута кога Ламин Јамал и Рафиња комбинираа но Бразилецот исто слабо шутираше како соиграчот.
Но само една минута подоцна Рафиња не погреши од втор пат. На асистенција на Фермин Лопез неверојатниот офанзивец постигна убав гол, го матираше Тибо Куртоа за 1-0 во 36' минута.
Кога сите мислеа дека тоа ќе биде резултат на полувреме, следуваше спектакл. Во невидена завршница на судиското продолжение паднаа дури 3 гола!

Прво блесна Винисиус Жуниор кој направи дар-мар во противничката одбрана, го легна Жил Кунде и израмни на 1-1.
Две минути подоцна Педри феноменално го пронајде полскиот ветеран Роберт Левандовски кој само ја „чушна“ топката преку Тибо Куртоа за 2-1 за Каталонците.
Но само неколку секунди подоцна, во 45+7' од судиското продолжение корнер изведе Винисиус, со глава шутираше високиот стопер Хујсен, топката се одби од пречка а младиот Гонзало Гарсија кој пред неколку дена имаше супер хет-трик против Бетис, во пад постигна необичен гол за 2-2.
Во вториот дел немаше толку голови. Барселона од една одлична ситуација во 73' минута повторно преку Рафиња кој го постигна вториот негов гол на натпреварот повторно поведе, 3-2.
Тоа беше и конечен резултат, триумф на Барселона за рекорден 16. трофеј во Суперкупот. Реал Мадрид има 13, Атлетик Билбао и Ла Коруња по три а Атлетико Мадрид два.