Има нешто и до почит - цела сала на Торонто стана на нозе за Лоури

Филаделфија '76 го совлада Торонто Репторс на гости 115-102 и ја забележа 22-та победа сезонава. Најефикасни беа Тајрис Макси со 33 поени и Жоел Ембид со 27 поени, 8 скока и 4 асистенции. На клупата кај Фила беше 39-годишниот ветеран Кајл Лоури кој 9 меча по ред не влегувал во игра воопшто. Се до синоќа кога во салата на Торонто Репторс со кого освои шампионска титула не го скандираа неговото име, па тој се соблече и влезе во игра.

Кајл Лоури е прогласен за најдобар играч во досегашната историја на Торонто Репторс. Прв е на вечната клупска листа по број на асистенции, прв е по број на трипл-дабл учиноци, прв е по број на одземени топки и прв по погодени три поени. Освои титула во 2019-та со Репторс а во 2016-та освои злато на Олимписки Игри со САД. 

13 јануари 2026 - 14:27