Реал Мадрид го отпушти Чаби Алонсо, се знае наследникот

Со взаемен договор и согласност на двете страни, Реал Мадрид и Чаби Алонсо го раскинале договорот. Веста доаѓа само ден по поразот од Барселона во финалето на шпанскиот Супер Куп одигран во Џеда.

Неочекувано Реал Мадрид се реши на ваков чекор иако извесно време се шпекулираше дека клупата на човекот кој направи чудо со Баер Леверкузен не му е сигурна.

Чаби Алонсо потпиша договор со Реал на почетокот на летото 2025 и му важеше до 30-ти јуни 2028.

Реал Мадрид игра добра сезона, втор е во моментов во Ла Лига каде има 45 бода после 19 кола и заостанува зад Барселона само четири бода. Во Лига на шампиони обезбедија директен пласман во осминафинале.

Но Чаби очигледно не го издржа притисокот и шпански АС пишува дека тој и самиот решил да замине. Негов наследник ќе биде Алваро Арбелоа, некогашен соиграч на Чаби Алонсо во Ливерпул и репрезентацијата на Шпанија.

Арбелоа нема искуство како тренер на професионално ниво и ќе го води Реал најверојатно привремено до крајот на сезоната. Навивачите на „кралскиот клуб“ се исто шокирани од одлуката на управата иако се свесни дека Чаби веројатно ја изгубил соблекувалната и довербата на некои од главните носители на играта.

ЧАБИ САКАЛ ДА ГО СМЕНИ РЕАЛ И ЗАТОА Е „КАЗНЕТ“

Чаби Алонсо дојде во Реал Мадрид со амбициозна цел да го смени системот на игра и методологијата на клубот но се соочил со спротивставеност од играчите навикнати на импровизација и слобода.

Неговите идеи не биле поддржани ни од соблекувалната, ниту од управата на чело со Флорентино Перез кој не му даде јавна поддршка на тренерот.

Конфликтот меѓу него, играчите и управата нараснале за време на Светското клупско првенство и скандалот кога го извади Винисиус од едно претходно Ел Класико пред време.

Под постојани ултиматуми, рокови и шпекулации за отказ, Алонсо бил принуден да се откаже од своите методи и преминал во практично преживување на клупата.

Тој останал изолиран: немал контрола над играчите и заштита од клубот, станал права фигура за секоја вина. 

12 јануари 2026 - 22:25