Конте им се з'гна на судиите, па го исклучија

Исклучувањето на Антонио Конте на дербито на 20. коло во италијанска Серија А меѓу Интер и Наполи не е изолиран случај. Од 2011-та па до ден-денес, цели 15 години Конте како тренер се оправа со судиите, што англиски, што италијански, што европски. Има краток фитиљ и добива црвени картони.

Конте синоќа беше исклучен во 71' минута откако главниот судија Довери досуди пенал за Интер кој после на повторена снимка се испостави дека бил оправдано досуден.

 

12 јануари 2026 - 12:49