Првпат во историја: Париз го победи ПСЖ и го исфрли од Куп на Франција

Само неколку дена откако за првпат после 47 години се сретнаа меѓу себе на официјален натпревар, кога ПСЖ го победи најблискиот и прв комшија Париз 2-1 на 4-ти јануари, синоќа само осум дена подоцна Париз направи сензација и го совлада европскиот шампион во дуел од Купот на Франција.

ПСЖ е исфрлен во шеснаестина финале на францускиот Куп и нема да може да ја брани освоената титула таму откако синоќа со 0-1 изгуби од Париз. Единствениот гол за гостите го постигна напаѓачот Џонатан Иконе, поранешен фудбалер на ПСЖ, во 74' минута од натпреварот.

Домаќинот имаше дури 25 удари на гол, напаѓаше постојано, имаше седум шута во рамки на голот и дури пет промашени стопостотни шанси. ПСЖ запиша и 70% посед на топка но залудно.

Ова беше прва победа на Париз во историјата над градскиот ривал од кого се одвоил во раните 70-ти години.

 

13 јануари 2026 - 10:02