Тренерот на Бостон повторуваше како папагал само два збора

Бостон Селтикс изгуби тесно 98:96 од Индијана Пејсерс која постигна кош на шест секунди пред крајот за победа но во тој напад очигледно имаше фаул на Паскал Сијакам и други судиски грешки. Тренерот на Бостон Џо Маѕула после натпреварот на прес-конференција пак даваше необични одговори. Овојпат се реши само да повторува два збора „Илегал скрин“ односно „Неправилно поставен блок“. Новинарите имаа различни прашања, а тој на шест поинакви прашања го даваше истиот одговор па овие кренаа раце од пресот.

Неправилно поставениот блок на Индијана Пејсерс за кој се бунеше Маѕула:

Маѕула како папагал на прес-конференција:

13 јануари 2026 - 10:52