Неверојатните 3 дена на Гендузи

После две сезони во Лацио, кој го купи од Олимпик Марсеј, Матео Гендузи направи трансфер во Фенербахче вреден 29 милиони евра. Работава излезе вака: Дојдов, потпишав, дадов гол и освоив трофеј.

Последните 3 дена на Гендузи:

- Ги одигра своите последни 90 минути на Олимпико со Лацио.
- Се збогува со навивачите и замина за Истанбул.
- Дебитира како стартер два дена откако го напушти Рим со само еден тренинг.
- Го постигна деби голот за Фенербахче во 28 минута и тоа на дерби против Галатасарај во финале.
- Го освои турскиот Супер Куп.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Fenerbahçe (@fenerbahce)

12 јануари 2026 - 12:21