Foto: AndebolPortugal
Португалија ја совлада Шпанија на гости на пријателски турнир, како загревање за ЕП кое стартува на 15 јануари.
На полувреме Португалците губеле со 2 гола разлика, а во второ во еден момент имале негатива од 6 погодоци.
Но изгледа не случајно зборуваме за селекција која на минатото Светско заврши во топ 4, пласирајќи се во полуфинале.
Не само што успеале да и се вратат на Црвената фурија, туку ја совладале со 3 гола разлика (34:31). Тоа е најава дека ќе целат на висок пласман.
Најдобри поединци Мартин Коста со 7 и Салвадор Салвадор со 6 погодоци.
На другите две средби на турнирот во Шпанија, Португалците го декласирале Иран со 21 гол разлика (41:20), а со Египет одиграле реми 31:31 и со овие резултати го осволе турнирот.
Македонија ќе се сретне со Португалија во 2. коло на 18 јануари. На првиот меч на 16 јануари, играме против домаќинот Данска, кој на две пријателски славеле убедливо против Норвешка со 8 и против Грција со 14 гола разлика.
Третиот противник ни е Романија, средба закажана за 20 јануари. Првите две селекции одат во втора фаза.