Јокиќ во игротека

Најдобриот светски кошаркар паузира веќе неколку недели поради незгодна повреда. Во времето кога не е на клупата кај своите играчи на натпреварите на Денвер каде им помага со совети, игра со ќерка му во игротека.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sportal.rs (@sportalrs)

Извесна Линдзи објавува видео на својот ТикТок и опишува како го видела Никола Јокиќ во детска игротека.

„Го забележав зошто помина покрај мене и беше страшно висок (искрено мислам дека е највисокиот човек покрај кого некогаш сум стоела), погледнав нагоре и тоа беше Никола Јокиќ.

Се возбудим и му кажав дека го сакам, ми рече благодарам и се насмеа. Не беше толку лошо колку што мислите, луѓе се сликаа и снимаа но не му додеваа.

Сакав да го прашам да се сликаме или нешто но помислив дека повеќе сака да ужива во времето со своето дете отколку да биде бомбардиран од навивачи. Пред да си замине седеше на маса додека неговото дете си играше.

Луѓето не му додеваа туку гледаа и брзо ги вадеа телефоните. Беше поинтересно да се гледаат тие отколку самиот Јокиќ.

Беше кул да се види тој како татко, го следеше детето наоколу и зборуваше со неа кога и да ги видев. Сакав да можев да му кажам уште нешто подобро ама изгубив контрола над себе.

12 јануари 2026 - 09:31