Навивачите на Абердин со парола го закачнаа Бојан Миовски

Првиот центарфор на македонската фудбалска репрезентација Бојан Миовски се прослави во дресот на шкотски Абердин каде блескаше и се изнадава голови во две сезони. Кога дојде време за нов предизвик, тој направи трансфер во Ренџерс, славниот и трофеен клуб од Глазгов. Сега првпат после селидбата се врати во Абердин. Го пречекаа со цела кореографија и парола на негова сметка.

Поранешен фудбалер на Абердин, Елион Џес на времето дал култна изјава: „Никогаш нема да се вратам на стадионот Питодри во дрес на Ренџерс, имам свои принципи“. Ова директно се однесувало на Штипјанецот.

Оваа парола била закачена на оградата за време на дуелот Абердин - Ренџерс (0:2) и била насочена на Бојан Миовски. На трибината навивачите кренале прекривно знаме со ликот на Елион Џес.

Додека се загревал со резервите, Миовски бил гаѓан со разни предмети од навивачите на Абердин кои биле зад едниот гол. Бојан влезе во игра во 90' минута место Чермити а Ренџерс славеше 0-2 со головите на Асгард и Таверние.

 

 

13 јануари 2026 - 11:39