Offside

Европскиот шампион Шпанија е втор полуфиналист на Мундијалот, откако по голема борба ја доби Белгија со 2:1. Микел Мерино втор пат по ред е човек на одлука. Против Португалија во 91-ва, овој пат во 88-минута. Сене Ламенс киксна на голот, откако го замени Куртоа кој се повреди. Фабијан Руиз го отвори резултатот во 30-та минута, 11 минути подоцна израмни Де Кетеларе. Полуфиналето Франција - Шпанија се игра во вторник со почеток од 21 часот.

Џанфранко Ѕола раскажа за дресовите кои ги носел во кариерата

What I Wore се вика емисијата на BT Sport во која легендарни фудбалери заедно со водителот во соблекувална разгледуваат дресови кои ги носеле во минатото. Италијанецот кој се прослави во Челси, Парма и Наполи имаше што да каже од биографијата.

Кристијано ѝ подарил дрес на девојката што ја повреди со топка

Роналдо имаше турбулентна недела. Прво на загревање пред Киево со силен шут погодил некоја девојка од трибините во лице и ѝ го скршил носот. Па во тек на мечот промаши пенал, па беше на судење за затајување данок во Мадрид.

Страшен пад на австриска скијачка при огромна брзина

Австријката Корнелија Хутер со 130км/час налетала на нерамнина која што ја фрли во заштитната ограда. Австријката успеа да застане дури на третата заштитна ограда. За среќа не била тешко повредена.

Вистинскиот испит на Солскјер допрва следува

По заминувањето на Жозе Мурињо, Манчестер Јунајтед е во транс. Игра одличен напаѓачки фудбал според филозофијата на нивниот тренер кој беше напаѓач и само победува. Уште три кола, па одат да ги полагаат најтешките испити.

Меси дал гол на 37 стадиони во Шпанија

Барса во неделата ја совлада Жирона, а Лионел Меси постигна убав гол на стадионот „Монтиливи“. Тоа е 37. стадион во Шпанија на кој неверојатниот Аргентинец дава гол.

За ваков ВАР ли се боревте?

Сè е тоа убаво што ФИФА и УЕФА сакаат фудбалот со помош на сите модерни технологии да оди напред, ама кога нешто ќе имплементираш, треба да знаеш и да го применуваш. Судииве во Португалија не гледаат добро или не сакаат да гледаат нешто што сите добро го гледаме. Игра со рака и нема пенал ниту по прегледот на ВАР. Срамотилаци.

Јамајканска Барселона

Кој досега гледал јамајкански фудбал? Во нивната Премиер лига знае да се најде по некој Леон Бејли, а тоа го докажаа од Кавалиер кој славеше 1-3 кај Арнет Гарденс. Првиот гол на извесен Ранкине беше мини-Барса.

Земи прво да ослабеш

Прво, дефанзивецов има мев како на 50 годишник кој игра со другарите во сала, второ, трча тромаво и несигурно и трето не знае основни фудбалски правила, а тоа е да ја подаде како што треба. Инаку ова е меч во Јамајка.

НБА очај на колото

Лејкерси и Феникс во епизодата не знаеме кај тераме. 34 секунди од НБА лигата за заборав.

Пред точно 5 години Салах беше во Челси, а Мурињо кажа дека Мохамед бил изгубен човек

Во низата непромислени потези во својата тренерска кариера (Лукаку, Де Брујне, Мата....), најдобриот египетски фудбалер на сите времиња е најголем грев на Жозе Мурињо како тренер на Челси. Ден-денес пробува да се извади за тоа што не го играше Салах.

Роди ме мајко во Ниш и однеси ме тато во Франција

Каква трофејна кариера има овој Карабатиќ. Да не знаеш дали попрво да му ја анализираш репрезентативната или клупската кариера. Кај што ќе стапне освојува трофеј, а тие не му се добројуваат од што се многу.

Најлудиот автограм на Ѓоковиќ

Милан Љубиновиќ од Белград до 11 јуни годинава нема да може да патува никаде, бидејќи го доби најоткачениот автограм во историјата на спортот. Пиши ми го на пасош мајсторе, немам каде на друго место.

Видовте ли како Ван Перси го потопи Ајакс?

Феенорд во неделата, пред преполн „Де Кујп“ со 6:2 го прегази најголемиот ривал во Холандија а јунак на мечот беше ветеранот Робин ван Перси кој даде два и намести еден гол.

Амбицијата на 7 годишниот Новак Ѓоковиќ

Можеби сте го гледале, а можеби не сте го начекале. Кое и да од двете не е битно, туку битно е што он како мал не кажал како што знаат децана ради реда: „Кога ќе пораснам сакам да бидам пожарникар, фудбалер или авијатичар“. Слушнете го одговорот на последното прашање на што циљал уште од прво одделение.

Гол од корнер на АЗ Алкмар додека голманот на Херенвен спиеше

Во неделата во 19. коло од холандската Ередивизија, АЗ Алкмар со 0-2 на гости го победи Херенвен а вториот гол кој го даде Осама Идриси во 78’ минута беше маестрална замисла и изведба.

Кардиф (не) сака да плати за трансферот на Сала, правник објаснува зошто

Мошне непријатно и помалку бизарно е да се потегне темата за трансферот на младиот фудбалер чиј авион исчезна кај каналот Ла Манш, но од правна гледна точка е важно прашање и сега клубовите треба да дадат одговори.

Голема НБА ѕвезда ќе гостува во Скопје во чест на Перо Антиќ

Со оглед на тоа што на паркетот се рова од 1999-та, беше само прашање на време кога и официјално ќе и соопшти на јавноста. Трикратниот европски првак Перо Антиќ годинава се повлекува од играње кошарка и тоа со спектакуларен проштален натпревар.

До критичарите на Карим Бензема

Дека бил тромав, дека бил незграпен, дека не давал голови, дека делувал инертно и незаинтересирано. Французинот синоќа против Еспањол покажа зошто од клубот заминуваа Ван Нистелрој, Хунтелар, Игуаин, Раул и многу други напаѓачи, а тој остана незаменлив дел од „кралевите“: По мечот во Барселона синоќа изјави: „Сите бараат од напаѓачите голови, но јас сум 9-ка со душа на 10-ка“.

Италијанскиот новинар од епизодата со Ѓоковиќ и претходно имал циркуси

Важи за еден од најстарите новинари кои патуваат по турнирите. На „ти“ е речиси со сите тениски ѕвезди. За овој спорт пишува уште од ’70-те години а има анегдоти со Бекер и со незграпниот Настасе.

Марко Сторари не ги воспитал децата како што треба

Поранешниот голман на Милан кој лани ја заврши кариерата на Сан Сиро, каде беше и во периодот од 2007-ма до 2010-та ги измешал брзините со децава. Ги облекол во тренерки на Милан, а тие му пејат нешто друго. Веројатно и натаму му влечат, бидејќи бранеше за Јуве пет сезони.

Кандидат за гол на сезоната во Ла Лига

Сарагоса го совлада Овиедо со 2:0. И двата гола на мечот ги постигна Алваро Вазкез. Одиме со вториот кој сигурно ќе влезе во тесна конкуренција за гол на сезона во Шпанија. Ибра би му љубоморел. Мајсторија е благ збор за ова.

Како први така други

Сме виделе ножички, кои веќе со години се редовна појава во фудбалот, ама не сме виделе тројца да направат еден по друг. Пазете, првиот со ножички го погоди противникот во фаца, другиот направи асистенција со ножички, а третиот ја збрца со ножички. Ваков гол сега паѓа и веќе никогаш.