Offside

Францускиот центар го предводеше Сан Антонио до убедлив триумф на гостувањето кај Феникс Санс (122-96) за деветта победа во низа. Му фалеше само една блокада за да запише трипл-дабл.

Бесниот Довициозо возеше 356 километри на час

Во пресрет на Големата награда на Италија, Андреа Довициозо на третиот слободен тренинг на патеката „Муџело“ разви страшна брзина и го урна рекордот за наголема брзина откако се вози Мото ГП.

Откако Салах игра таму, во Ливерпул се намалило нетрпение кон Исламот

Едно научно истражување на Стенфорд Универзитетот покажало дека од доаѓањето на неверојаниот Египќанец во Ливерпул, во градот е намален криминалитетот и предрасудите за исламот за 19%. Благодарение на неговите голови.

Растури со Барселона, растури со Веспрем и заслужено е прогласен за најдобар играч

Рожерио Мораеш е прогласен за најдобар играч на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако доби најмногу гласови на гласањето преку апликацијата на ЛШ.

Последни натпревари на Голден Стејт во Окленд, клубот си оди од градот

Следните два, можеби три меча на Голден Стејт, за жал на навивачите на Вориорси, ќе бидат последни во Окленд. И не само најдобриот НБА состав, туку уште еден популарен клуб од Окленд ќе си ги пакува куферите и ќе се сели.

Фер потегот на Ѓоковиќ кој го воодушеви Ролан Гарос

Светскиот број 1 со 3:0 во сетови го совлада Александар Зверев и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос. Во вториот поен од осмиот гем во првиот сет судијата Кјотавонг досуди аут после еден силен сервис на Зверев, а Новак ја преиначи неговата одлука и доби аплаузи.

Тензично на плоштад, се апсат полски навивачи

На ден пред одигрувањето на квалификацискиот меч меѓу Македонија и Полска, во Скопје веќе има гостински навивачи кои и отворија бајаги работа на полицијата. Пољаците се степале меѓу себе по што следувало апсење, бркање, но и пружање голем отпор.

Игор Карачиќ – срцето и душата на РК Вардар

Ако истово важи и за капитен Столе, тогаш дефинитивно вториот играч кој ги заслужува овие епитети е токму тој. Игор Карачиќ, човекот кој изгина за овој дрес 7 години во кои освои 17 трофеи. Играчиште.

Лудилото на Марадона во соблекувална кога освоил титула со Наполи

Постои анегдота дека клубот Наполи немал доволно пари да го донесе Марадона од Барселона, па така жителите на Неапол собирале пари да го помогнат трансферот. На крај, на 30 јуни 1984-та година, Аргентинецот доаѓа во Наполи и на градот му носи две скудета, први во историјата на клубот.

Роналдо vs еден за греота

Кристијано Роналдо има 34 години, а неговиот чувар Кевин Мбабу 24 или да не е обратно? Кај ја потепа Швајцарија со хет-трик, па уште и душа му зема на малиов.

Бобо е труден шести месец

Иако пролетта нема абер, а не па летото Бобо Виери веќе е гол и спремен за бањање, сончање, швалерисување и сè она што му е во репертоарот секое лето откако стана млад и среќен пензионер. Италијанскиот комичар Андреа Пучи го ремети дека е шести месец труден и дека чека машко дете кое славниот напаѓач вели дека ќе се вика Луиџи.

Излезе видео со Нејмар и старлетата

Големата ѕвезда на ПСЖ периодов воопшто не е раат. Бразилката Нажила Мендеш прво го обвини дека ја силувал, а потоа тој во самоодбрана објави разговор со неа во кој покажа како му испраќа голи фотографии. И сега најново се појави видео од нивна средба во хотел на која се гледа како типкава прво му легнува, а потоа го напаѓа.

Ако не сака во нивниот, дај во нашиот

Руска полу-аматерска лига. Автогол професионален. Не можеше да ја залепи во противничкиот гол, па тргна да му ја враќа на голманот, ама како му ја врати поарно да не ја враќаше.

Емотивна средба на Милосављев со семејството

До лани беше анонимен, а од 3 јуни има статус на херој и тоа во шампионско друштво со ѕвезди на кои вели дека им се восхитувал на тв. Требаше да му биде замена на Милиќ, а излезе прв голман и јунак кој му одбрани 12 топки на фаворитот број 1 за титулата и тоа само во прво полувреме.

Малиот Лука кој спиел во кола, сега ќе игра во Реал Мадрид

Првиот голем трансфер во Европа бидна. Го направи Реал Мадрид, откако потпиша договор со српскиот репрезентативец од Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, шпиц кој сезонава растури во Лига Европа и Бундеслига.

Да знае автопатов да збори

Фејсбук, Твитер, Инстаграм...цел интернет е преплавен овие денови за Вардар. Човек да не може да се донагледа. Плоштадот беше празник за очи, уши и душа, ама на тоа имаше и увертира на аеродром. Погледнете ги овие километарски колони за шампионите на Европа, немаат крај.

Валенсија поставила споменик на столчето каде седел слепиот навивач

Фудбалската култура во некои земји е на толку високо ниво, што нам од оваа перспектива ни делува многу далеку и недостижно. Како славниот шпански клуб го испочитувал својот најверен навивач кој притоа бил слеп.

Уф колку јако видео од плоштад

Кога европскиот првак ќе се појави на бина и кога црвено црната армија на навивачи ќе еруптира тоа звучи вака:

Моментот под триумфална

Најслаткото нешто на сето чекање беше кога се појавија со шампионскиот автобус под симболот на триумфот. Е во тој момент ако останеш без батерија на мобилен, шамар си маваш од мака. Многу беше јако, особено кога ти доаѓаат фејс ту фејс.

Шампионски пречек за шампионите

Секој што решил да не дојде синоќа на плоштад се заебал. Ова се тие ноќи за кои живее градот кој по втор пат во три години блесна во европски сјај. Убавини за душа кои ги сакаме пак и пак и пак.

Од каде потекнува оригиналот на мелодијата за песната „Само напред Вардаре“

Станува збор за еврејска љубовна песна која што првпат е изведена во 1955 година од Миријам Авигал. Мелосот станал толку популарен што оваа песна брзо се проширила на многу страни по светот.

Вардар е инспирација и амбасадор број 1 во светот

Ако кажеме во Европа ќе погрешиме, бидејќи Вардар има фанови дури до Мексико каде еден ракометен тим го носи нивното име. Нестварно е ова што го направија овие луѓе. И некако како сите да не сме свесни дека го повторија по само 2 години. Направете им некаков споменик. Сериозно.