„If he scores another few then i'll be Muslim too“, гласи една од навивачките песни на навивачите на Ливерпул. Секако дека е тешко и незамисливо Момо Салах (опишуван и како „дар од Алах“) да ги конвертира навивачите во Ислам, но и тоа како помага во намалување на омразата и предрасудите кон оваа религија.
Некои ова го нарекуваат „ефектот Салах“, затоа што истражувањето го правеле четворица научници од Стенфорд Универзитетот.
Од првиот ден од кога дојде во Ливерпул во јуни 2017, се до овој 1-ви јуни и финалето на Лига на шампиони кога од пенал даде гол против Тотенхем, Мохамед Салах постигнал 71 погодок на 104 меча за “црвените“.
Благодарение на неговите голови, на неговото примерно однесување и клекнувањето на земја во знак на молитвена благодарност, Салах влијае и врз однесувањето на жестоките навивачи на Ливерпул. Криминалитетот и предрасудите во градот се намалени откако тој игра за Ливерпул.
Истражувањето од Стенфорд Универзитетот вели дека бројот на дела поврзани со верска и расна нетрпеливост во реонот Мерсисајд е намален, а намалени се и анти-исламските твитови од навивачите на Ливерпул. Популарноста на Салах помогнала многу во борбата против исламофобијата и дискриминацијата.
Истражувањето е базирано на анализа на 936 дела на омраза и околу 15 милиони твитови на 8.060 навивачи на Ливерпул.
„Мо Салах е апсолутно позитивен модел во нашата заедница. Ги скрши бариерите на негативни перцепции кои навивачте и генерално јавносто ги имаа во однос на муслиманската заедница. Неговата прослава на головите со клекнување на молитва ги натера луѓето да прашуваат што точно прави и што тоа значи? Ги научи луѓето на толеранција, не е само икона на теренот, туку и човек кој направи пресврт во заедницата“, вели Мумин Кан, главниот имам во Англија.