Во март годинава Валенсија прослави 100-годишнина од основањето. Клубот го освои шпанскиот Куп во големото финале против Барселона, а сега уште една прекрасна приказна доаѓа од „Местаља“.
На местото кај седиштето со број 164 на 15-от ред на Tribuna Central на еден од најголемите стадиони во Шпанија, се појави статуа посветена на најверниот навивач на Валенсија - Висенте Апарисио.
Тој целиот живот навивал за Валенсија, одел на сите домашни и гостински натпревари. Го бодрел клубот и на финалето на Купот во 1967-ма во која Валенсија со 2-1 го совладала Алтетик Билбао на „Сантијаго Бернабеу“.
Висенте се родил слеп на едното око, а кога наполнил 54 години, ослепел и на другото око во целост. Од тогаш не можел да ја гледа својата најголема љубов и престанал да оди на гостувањата на Валенсија.
A Valencia season ticket holder went blind 40 years ago but kept his season ticket because he loved feeling the atmosphere in the stadium.
— Football Tweet (@Football__Tweet) June 3, 2019
When he passed away two years ago, the club put a statue of him in his seat so he'll never miss a match. ⚽️🙌
Incredible @valenciacf_en pic.twitter.com/dmGHLjcvBq
Но и покрај тоа секоја сезона купувал сезонска карта и доаѓал на „Местаља“ за слушајќи да ужива во амбиентот. Синот на Висенте којшто одел со него на стадион, му раскажувал што се случува на теренот.
Апарисио ги гледал сите домашни дуели на Валенсија од 2003/2004 кога со тогашниот тренер Рафа Бенитез клубот ја освои двојната круна. Легендарниот Апарисио рекол дека тој му бил најсреќниот период во животот.