Разно

Епски пресврт на Надал за историски гренд слем број 21

Рафаел Надал испиша нова тениска историја откако во лудо исцрпувачко финале кое траеше над 5 часа, успеа да го добие Данил Медведев со 3:2 во сетови и тоа откако губеше 0:2.

Медведев до судијата: Навивачиве се идиоти, мозок немаат

Нова трета епизода на Данил Медведев, но овој пат не против судијата, туку во разговор со судијата за навивачите вели дека се идиоти, без мозок, односно со празен мозок на кои веројатно животот им е многу лош.

Несериозно новинарско прашање на Австралија опен

Ник Кирјос и Танаси Кокинакис ја освоија титулата во машки довјки на Австралија опен откако ги совладаа сонародониците Метју Ебден и Макс Пурсел. Американски новинар им постави глупо провокаторско прашање на кое му одговорија иронично, брзо и спремни како пушка.

Медведев повторно му се сипа на судијата, сега уште повеќе

Данил Медведев е втор финалист на Австралија опен откако во второто полуфинале го совлада Стефанос Циципас со 3:1. На Русинот му стана навика да ги вика судиите глупави.

Црногорците слетаа во Тиват, а таму армија на навивачи

Селекцијата на Црна Гора го оствари до сега најголемиот успех на големите ракометни натпреварувања, а тоа го препознаа и наградија нивните навивачи, и на првенството, а потоа и дома.

Медведев ја закачна публиката со одговор поврзан со Новак Ѓоковиќ

После скоро пет часа и пет напорни сета, Русинот Данил Медведев успеа после голем пресврт од 0:2 да го совлада 21-годишниот Канаѓанец Феликс Оже-Алијасим. Русинот спаси и една меч топка и на крај славеше 3:2. Се пласираше во полуфинале а после мечот даде необична изјава.

Медведев до судијата: Колку треба да си глуп да ми го пушташ Феликс на видео бим? Идиот

По убедливиот триумф на Циципас кој со 3:0 го елиминираше Италијанецот Јаник Синер за пласман во полуфинале, Данил Медведев одигра пеколно четвртфинале во кое успеа да му се врати на Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим по негатива од 2:0.

Голманот на Казахстан да ви покаже како се игра во напад на футсал

Лео Игита е Бразилец кој 9 години брани за футсал селекцијата на Казахстан и важи за најдобар голман во светот. Според ова видео, не ќе да е добар само на гол. Погледне што и направи на Финска. Бомба.

Го имаме најдобриот поен на Австралија Опен

Дваесет и едно годишниот Феликс Оже-Алиасим од Канада е на прагот на големо изненадување откако води со 2-0 во сетови против првиот носител на турнирот АО2022 Данил Медведев. Двајцата одиграа еден незаборавен поен со размена од преку десетина удари.

Ќе му го дрпнам рекетот на Шаповалов и онака нема да му треба

Новак го нема на Австралија опен, ама и без него има догодоштини. Денис Шаповалов беше нервозен на мечот со Надал кој го загуби со 3:2, а во еден момент го рокна рекетот од земја.  Девојчето што собира топки стана хит. Си го зема за дома.

Надалада - удар после кој нема враќање во игра

Во многу тежок меч Рафаел Надал во четвртфиналето на АО го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов со 3:2 во сетови после повеќе од четири часа игра.

Најјакиот ритрн на Штефи Граф

Легендарната германска тенисерка со 22 гренд слем титули, во 1996-та оди да го брани и го освојува Вимблдон по седми пат во кариерата. Во полуфинале игра против Кимико Дате, ама наеднаш се јавува уште еден „противник“.

Шаповалов се изнервира со Надал и го нападна судијата дека е корумпиран

Денис Шаповалов не успеа да излезе на крај со Надал во четврфиналето на Австралија опен и е елиминиран со 3:2. Канаѓанецот во еден момент бараше од судијата да го казни Шпанецот со образложение дека премногу време му треба да се спреми за сервирање.

Кирјос со топче погоди дете на трибините и го расплака па му подари рекет

Во текот на овогодинешното Отворено првенство на Австралија најголем хит е Ник Кирјос, Австралиецот со грчко потекло. Иако испадна во сингл турнирот, тој сега игра во дубл со неговиот сонародник Кокинакис. При една грешка на неговиот партнер, Кирјос нервозно удри со рекетот едно топче кое одлета на трибините и погоди едно мало дете. Кирјос дојде да го утеши со рекет.

Го видовте ли Хрватот што им направи на футсал?

Паралелно со Европското во ракомет, во Холандија се одржува ЕП во футсал. А таму сите го величат Матеј Хорват кој на средбата Хрватска - Полска, конечни 3:1 ја понижи одбраната со се голман, па уште и со рабона ја заврши. Мајсториште.

Црногорски комичар му кажува виц на Ѓоковиќ за Надал и Федерер

Познатиот комичар од Црна Гора, Дејан Радуловиќ го начека Ноле во ресторан во Тиват. Му раскажува кратка гачка и се дробат од смеење.

Свирежи за Австралиецот Кирјос поради поддршката за Ѓоковиќ

Контроверзниот Ник Кирјос не помина добро пред својата публика на отвореното првенство во Мелбурн. Во прво коло го совлада Лиам Броуди од Велика Британија и се соочи со еден куп свирежи, а во второ очекувано загуби од фаворитот Данил Медведев. А тек Новак ако играше?

Нов нереален потег на Ник Кирјос на Австралија Опен, публиката во еуфорија

Најголемиот негативец во светот на тенисот кој низ годиниве се караше со судии, противници, тренери, публика, јавни личности, овојпат е позитивна страна на новото издание на Австралија Опен 2022. Ник Кирјос изгуби од првиот фаворит за титулата Русинот Данил Медведев со 3:1 во сетови, но пак правеше шоу на теренот.

400 македонски пливачи ќе тренираат на суво

33 клубови ги користат услугите на базенот во Борис Трајковски, а со тоа застој ќе има тренажниот процес на околу 400 пливачи и репрезентативци и тоа непосредно пред одржувањето на Националното првенство во пливање, подготовките за СП во Јапонија и ред други веќе закажани меѓународни натпревари на кои овие деца треба да ја претставуваат Македонија. На здравје бричење.

Ѓоковиќ со мнозинско учество во данска фирма која развива лек, не вакцина против Ковид

Иван Лончаревиќ, извршен директор на QuantBioRes открил дека светскиот рекет број 1 во јуни 2020-та пројавил интерес и набрзо купил 80% од акциите на данската фармацевтска компанија во која десетина научни истражувачи развиваат лек во борбата против вирусот Ковид-19.

Ник Кирјос направи шоу во Мелбурн на сервирање

Контроверзниот Австралиец кој често се глупира на терен, овој пат ја фрли публиката во транс. Кирјос стартуваше успешно во првото коло на Австралија опен, со победа над Лиам Броуди од Велика Британија од 3:0 во сетови, а во еден момент сервираше за овации.

Евроголот на Митревски од свој гол

Никола Митревски бранеше во своја препознатлива форма и на последниот меч на нашата селекција на Европското првенство. Тој одбрани неколку важни удари на Данците, а и самиот кога на колегите не им одеше во напад се запиша во листа на стрелците. Искористи едно невнимание на Јаник Грин и го матираше преку цел терен.

17 факти за Новак Ѓоковиќ, посилни од егото и политиката на Австралија

Крутата австралиска принципиелност не му дозволи на најдобриот тенисер во светот да се бори за гренд слем број 21 и да испише нова историја. Може да го дрват за виза, ама не може да му ги оцрнат делата, а ги има многу, а дел се направени и кај нив.