Крутата австралиска принципиелност не му дозволи на најдобриот тенисер во светот да се бори за гренд слем број 21 и да испише нова историја. Може да го дрват за виза, ама не може да му ги оцрнат делата, а ги има многу, а дел се направени и кај нив.
По речиси две недели сага, светскиот рекет број 1 се врати дома. На аеродромот „Никола Тесла“ имаше многу новинарски екипи и негови фанови, но тој одлучи да не дава изјава.
Долниот дом на францускиот парламент во неделата доцна вечер изгласал нови уредби во однос на владините мерки за борба против вирусната пандемија, па така досегашниот таканаречен passe sanitaire (здравствена пропусница) ќе стане passe vaccinal (вакцинална пропусница), трансформација со која вакцинацијата станува речиси задолжителна.
Најдобриот тенисер во светот денеска требаше да го одигра првото коло против сонародникот Миомир Кецмановиќ. Но наместо тоа, тој беше депортиран и според сегашната ситуација нема да може да настапи на Австралија опен во наредните три години.
Нескриената голема желба на српскиот тенисер беше да ја приврши кариерата со уште еден голем пехар од Гренд Слем турнир и да стане единствен во историјата на овој спорт со дури 21. освоен таков трофеј. Што го чека во догледно време?
Со смирен тон, без голема врева, светскиот тенисер број 1 се огласи и соопшти дека е разочаран од тоа што му е ускратена можноста да се бори за пехарот на Отвореното првенство на Австралија.
Новак Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија, нема да игра на Отвореното првенство во Мелбурн каде требаше да ја брани титулата и ќе мора да плати отштета од 500.000 австралиски долари.
Австралија и дефинитивно ја претера со случајот Новак Ѓоковиќ и го третира како да е најголем криминалец во светот. На два дена до првиот меч кој е неизвесно и дали ќе го игра, го вратија во хотелот за мигранти.
Мечот меѓу Танасис Кокинакис и Александар Вукиќ на турнирот во Аделаиде беше прекинат во еден момент откако гавран непрекинато се огласуваше од под сводовите на трибините. Вукиќ беше деконцентриран да сервира, па го гаѓаше со топчето.
Неколку часа откако се стиши бурата околу најдобриот светски тенисер и властите во Австралија, денес стигнуваат нови вести од Мелбурн. Нималку пријатни за светскиот рекет број 1.
Легендарната трка Дакар која се вози уште од 1979-та година во 44. издание кое почна од 1 јануари и ќе заврши на 14-ти, се вози низ Саудиска Арабија од Хаил до Џеда. На женската трка, на екипажот од Шпанија, Мерсе Марти и Марго Јобер им се преврте возилото па локалните Арабијци им помогнаа да го кренат и да го вратат на патеката.
Најдобриот тенисер во светот ја признава грешката што позитивен на Ковид дал интервју за француски Л`екип и објасни кај била утката при влез во Австралија.
Презентерското дуо на австралиската телевизија Канал 7, изгледа подзаборавиле дека камерата може да снима и кога се местат за вести. Па сега им преостанува она „Ама не, ние не мислевме така“. Резил.
Новинарот Адриан Арчули на својот Твитер профил објави видео од првиот тренинг на најдобриот светски тенисер со неговиот тренер Горан Иванишевиќ. Во еден момент Ѓоковиќ откако удира форхенд самиот на себе си вика: „Ајде, бре, Новаче, како да победам овде...“
Случајот на Новак Ѓоковиќ кој веќе неколку дена е главна тема во сите светски медиуми фрла светло на бегалците кои се исто затворени во имиграцискиот центар со години. Се огласи еден Иранец кој побара од Новак да зборува јавно за нив.
Освои 20 гренд слем титули, колку Надал и Федерер, држи еден куп рекорди, го сакаат милиони обожаватели, стекна светска слава, ама се добива впечаток како на некој да му смета.
Стотици поддржувачи на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ неколку часа стоеле пред канцеларијата на неговите адвокати од каде пред неколку минути тенисерот излегол со кола. Во еден момент настанал метеж а полицијата со солзавец ги растерувала присутните.
Ксенија Павловиќ МекАтир, новинарка кореспондент од Белата Куќа во САД на својот Твитер профил објави дека разговарала телефонски со татко му на Новак, Срѓан Ѓоковиќ и дека тој ѝ кажал дека тенискиот ас е уапсен.
Балканците кои живеат во Австралија, непрекинато му даваат поддршка на српскиот тениски ас. Меѓу нив има и Македонци, а на репортоарот имаше и македонска песна. Ептен веселата ја направија.
Федералниот суд во Мелбурн донесе одлука Новак Ѓоковиќ да биде ослободен, откако судијата Ентони Кели утврди дека по пристигнувањево во Австралија, визата неосновано му била укината.
Најдобриот тенисер во светот е четврти ден во миграцискиот хотел во Мелбурн. До вторник се очекува да се знае дали ќе биде дел од турнирот на кој е рекордер со 9 гренд слем титули.