На Украинките им прејде во навика да не пружаат рака

Украинските тенисери и тенисерки имаат препорака од својот матичен сојуз да не се поздравуваат со колегите од Русија каде и да играат на кој било турнир. И се држат ригидно до тоа иако колешките и колегите од Руска Федерација не се нималку виновни за воениот конфликт меѓу двете земји. Сега извесна Дијана Јастремска не ѝ пружила рака на прекрасната Канаѓанка Ежени Бушар затоа што оваа некогаш ја прозвала за скандал со допинг.

Јастремска победила 6:1, 4:6, 6:4 во 1. коло од квалификациите за УС Опен и не ѝ пружила рака на Бушар. Пред четири месеци на турнирот во Мадрид, Бушар ја совлада Дијана Јастремска и напишала на социјалните мрежи: „Има нешто кога играш со допингувани луѓе во Мадрид“. Поради тоа Јастремска не ја поздравила.

 

25 август 2023 - 14:11