Сензационално злато на Холандија со пресврт и финиш како молња

Светското првенство во Атлетика кое се одржа во Будимпешта заврши на спектакуларен начин со сензационална завршница на Фемке Бол во дисциплината 4x400.

Штафетата во женска конкуренција ја освоија Холанѓанките со време од 3:20.72 минути, среброто го освои Јамајка со 3:20.88, а бронзениот медал отиде во рацете на Велика Британија со време од 3:21.04.

Хероина на трката е Фемке Бол која на Холандија и го донесе златниот медал на неверојатен начин со фантастична пресвртница во финишот која ќе се врти на најавните шпици.

Бол како последна измена на Холанѓанките влезе со заостанување зад Стејси ен Вилијамс од Јамајка и Никој Јергин од Велика Британија и потоа успеа да ги помине и да финишира прва во последните мигови од трката.

Оваа трка во женска штафета дефинитивно ќе остане запаметена како една од највозбудливите на Светските првенства.

Инаку во машка конкуренција во 4x400 златото го освои САД. 

29 август 2023 - 08:15