УС Опен сезонава го пратат неколку необични нешта. Пред неколку дена грчката тенисерка Марија Закари на главниот судија му се пожали дека толку многу мириса на теренот и трибините што е неверојатно.
Новинарите кои во живо го следат УС Опен пренесуваат дека од околниот парк близу Централниот терен многу често доаѓа миризба на марихуана, а некои пишуваа и дека во Њујорк нема ден да им пројде без препознатливиот мирис на марихуана, од метроа, автобуси па сè до базата на УС опен.
Во меѓувреме имаше и симпатичен гостин на терените.
На дуелот во женски дубл меѓу Звонарева/Зигемунд и Монтгомери/Енгоне, во вториот сет на теренот влета една верверичка која по кратко шоу се врати кај задната линија на едниот дел од теренот и истрча на трибините.
A squirrel is quite a reason to replay a point 🐿️ pic.twitter.com/eanseJ45cp
— US Open Tennis (@usopen) September 2, 2023
Што се однесува до самиот турнир, таму Новак Ѓоковиќ синоќа го совлада Хрватот Борна Гојо со 3:0 во сетови 6:2, 7:5, 6:4 и во четвртфинале ќе игра против одличниот американски тенисер Тејлор Фриц кој долго време е во Топ10.
Во осминафиналето денес играат Дрејпер - Рубљов, Алкараз - Арналди, Медведев - Де Минаур. Кај жените во осминафинале ќе играат Стернс - Вондрушова, Кејс - Пегула, Жабур - Женг, Касаткина - Сабаленка. Во 1/4 финале познати се паровите Кирстеа - Мухова и Остапенко - Коко Гауф.