Освен со триумфот на Марк Вебер, трката за ГН на Велика Британија во Силверстоун беше одбележана и со инцидентот на Камуи Кобајаши. Јапонецот од Заубер пребрзо влезе во боксот и удри во четворица механичари кои за среќа поминаа без посериозни повреди.
Британија имаше шанса по пауза од 76 години да има свој шампион на 126-то издание на Вимблдон, но Роџер Федерер го совлада Енди Мареј и ја освои својата 17-та Гренд Слем титула која повторно ќе го врати на врвот на АТП листата.
Украинецот Владимир Кличко продолжува да доминира во тешка категорија во верзиите WBA, IBF, WBO и IBO откако во шестата рунда од мечот во Швајцарија го нокаутираше Американецот Тони Томпсон.
Ивана Шпановиќ која важи за една од најубавите спортистки, но и најнадежна атлетичкарка во Србија, оствари разочарувачки резултати на последното Европско првенство, а српските медиуми причината ја најдоа во нејзините силикони.
За време на Европското првенство на телото на Марио Балотели и многу други фудбалери, како и сега за време на Вимблдон на телото на Новак Ѓоковиќ сигурно ги приметивте сините ленти и се прашувавте што е тоа чудо.
Параолимпиецот Оскар Писториус откако ја доби битката со Светската атлетска федерација која не му дозволуваше да се натпреварува со „нормални" атлетичари, ја доби битката и со здравите колеги и ќе биде првиот човек без нозе кој ќе настапи на Олимписки игри.
Заврши Европското првенство во фудбал, па сега едвај чекаме да почнат Олимписките игри во Лондон. Додека чекаме да дојде 27. јули, да го погледнеме промо видеото на Би-Би-Си.
Виктор Троицки имаше големи проблеми против својот пријател и сонародник Новак Ѓоковиќ во четвртото коло во Вимблдон, но си доби помош од публика. Тој го послуша советот и го доби поенот, но на крајот сепак загуби со 6-3, 6-1, 6-3.
Британците потрошија милиони на обезбедувањето и ангажираа 70 специјалци кои ќе бидат задолжени само за чување на факелот, но ниту тоа не беше доволно за да се спречи напад од две мали дечиња.
Мислевте дека тенисот е безопасен спорт? И оваа судијка го мислеше тоа се додека Марди Фиш не дојде на Вимблдон со неговиот сервис од 190 км/ч. А пред само две недели настрада уште еден судија на турнир во Лондон.
Започна велосипедската трка „Тур де Франс". Од белгискиот град Лиеж, па се до Париз, во следните три недели велосипедистите ќе поминат 3.500 километри во 21 етапа по кои Кадел Еванс ќе се обиде да ја одбрани титулата од минатата година.
На 28 јуни 1997-та година се одржа легендарниот бокс меч помеѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифид кој заврши со дисквалификација на „железниот Мајк" во третата рунда затоа што го гризна и му откина дел од десното уво на Холифилд.
Женската тениска асоцијација (ВТА) има намера да ги мери и ограничува извиците на тенисерките, но оние гласните како Марија Шарапова, Викторија Азаренка и сестрите Вилијамс ќе можат да продолжат да си стенкаат на раат затоа што новото правило ќе почне да се применува за идните генерации на тенисерки.
Елена Веснина ја шокираше Венус Вилијамс елиминирајќи ја од Гренд слем турнирот во Вимблдон, но освен пет-кратната шампионка, Русинката ги збуни и камерманите на Би-Би-Си.
Канада има женска рагби репрезентација? И ние не знаевме, но сега и тоа како знаеме. Канаѓанките се соблекоа за да го промовираат својот спорт и својата репрезентација. Ух, колку само фали една вакава промоција на македонската женска одбојкарска репрезентација.
Ударите со нога кога противникот е на земја се забрането во повеќе ММА организации, но не и во азиската ONE FC. Тоа најдобро на своја кожа го осети Роџер Хуерта кој беше брутално нокаутиран од Зоробабел Мореира.
Фернандо Алонсо ја освои Големата награда на Европа победувајќи на осмото гран-при оваа сезона, а трката освен неговата победа беше одбележана и со сударот помеѓу Пастор Малдонадо и Луис Хамилтон.
Организаторите на Олимписките игри во Лондон веќе прават планови за употребата на нивните градби по завршувањето на игрите, а една од опциите за Олимпискиот стадион е и одржување на Формула 1 трка.