Никогаш во историјата на Олимписките игри не настапила толку трудна спортистка како 29-годишната Малезијка Нур Сурјани Мохд Таиби.
Кога на 28. јули Таиби ќе застане на стрелиштето во Лондон, таа ќе биде влезена во 34-та недела од бременоста.
„Пред да почнам да пукам, ќе поразговарам со бебето. Ќе му кажам: Мама сега ќе оди да пука. Те молам немој да клоцаш во следните 75 минути", се пошегува Таиби.
Таа ќе се појави на церемонијата на отворањето на Олимписките игри, но не и на затворањето.
„Откако ќе завршам со натпреварувањето ќе влезам во 34-та недела. Мојата авиокоманија им дозволува на трудниците да летаат до 35-та недела", изјави Нур Сурјани Мохд Таиби.