Слепиот стреличар за кого пишувавме пред неколку денови, го сруши првиот светски рекорд на Олимписките игри во Лондон. Им Донг-Хјун оствари резултат од 699 поени и го подобри својот рекорд од мај оваа година кој изнесува 696 поени.
Им Донг-Хјун заедно со двајцата тимски колеги од Јужна Кореја поставија и нов екипен светски рекорд погодувајќи 2087 поени со 216 стрели.
26-годишниот Им Донг-Хјун има сериозно пореметување на видот и официјано тој се води како слеп. Тој пати од тешка кратковидност и неговиот вид е 10 пати полош од нормалното. Тој не може да чита, а од стреличарската мета гледа само заматена мешавина од бои.