Олимпиското село има капацитет за околу 16.000 луѓе, но во него има и 535 куќички за птици и 150 кутии за лилјаци.
Околу 4.000 гуштери и жаби биле рачно ловени и преместени од областа за време на градењето на Олимпиското село.
Организаторите најавија дека ова ќе бидат Олимписки игри без отпад. Целиот употреблив отпад ќе биде рециклиран, а останатото ѓубре ќе се употреби за производство на електрична енергија.
Четири градби ќе бидат целосно расклопени и преместени низ Британија по завршувањето на Олимписките игри, а дел од Олимпиското село ќе се претвори во станбен комплекс со 3.600 апартмани.
Мекдоналдс ќе го изгради најголемиот ресторан во светот. Во целото Олимписко село ќе има четири ресторани, а најголемиот ќе биде распространет на 3.000 квадратни метри и ќе има капацитет за 1.500 гости, а во него ќе работат 500 вработени.
Секој гледач или спортист кој ќе се соблече гол ќе заработи казна од 20.000 фунти.
Прес центарот е толку голем што во него може да се паркираат пет џамбо џет авиони. Освен ресторани и кафетерии, новинарите во него на располагање ќе имаат и банка и пошта.
Секоја интонирана химна не смее да биде подолга од 1 минута, па некои ќе бидат кратени. Целата химна на Уругвај е долга 6,5 минути, а химната на Уганда има само 9 такта.
Обложувалницата Ladbrokes нуди коефициент 2012 за опкладата дека во реката Темза за време на Олимписките игри ќе се појави чудовиштето од Лох Нес.
Во Олимпиското село има 2.818 апартмани и 5.000 четки за ВЦ шоља. Низ целиот Олимписки парк има 10.000 полски тоалети.