Според магазинот Форбс, 20-те најдобро платени олимпијци во последнава година заработиле 448 милиони долари. На листата доминираат кошаркари и тенисери, а на првото место е Швајцарецот Федерер кој во изминативе 12 месеци заработил 54,3 милиони долари.
Леброн Џејмс со 53 милиони е на втората позиција, а веднаш зад него е колегата Коби Брајант со 52,3 милиони долари.
На листата има 12 кошаркари и 7 тенисери, а на седмата позиција е Усеин Болт со 20,3 милиони долари.
Најдобро платени олимпијци:
1. Роџер Федерер 54,3 милиони долари
2. Леброн Џејмс 53
3. Коби Брајант 52,3
4. Марија Шарапова 27,1
5. Кевин Дурент 25,5
6. Кармело Ентони 22,9
7. Усеин Болт 20,3
8. Новак Ѓоковиќ 19,8
9. Крис Пол 19,2
10. Ли На 18,4
11. Дерон Вилијамс 18,2
12. Пау Гасол 17,2
13. Серена Вилијамс 16,3
14. Каролина Возњацки 13,7
15. Тони Паркер 13,1
16. Енди Мареј 12
17. Ману Џинобили 11,5
18. Андре Игудала 11,4
19. Тајсон Чендлер 11
20. Марк Гасол 10,9