Најблескавиот момент од Олимпијадата во 2008

Уште седум дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон на кои сигурно ќе има премногу моменти за паметење како оние од Пекинг пред четири години. Беа срушени 25 рекорди во пливање, Болт и Исинбаева поставија нови стандарди во атлетиката, Авганистан го освои својот прв медал во историјата... но Олимпијадата во Пекинг ќе се памети и по уште еден настан.

Тоа е моментот кога Германецот Матијас Штајнер по освојувањето на златниот медал на подиумот се искачи со фотографија од својата сопруга која загинала во сообраќајна несреќа една година претходно.

20 јули 2012 - 11:26