Разно

Ривалството со долг век меѓу Шарапова и Серена

Двете доминанти фигури во женскиот тенис имаат ривалство кое често излегува и надвор од рамките на спортот, а денес на Вимблдон ќе се сретнат во полуфиналето.

Србите ќе јадат поевтина кајгана поради Ноле

Акцијата е во тек, но не е познато за која победа се работи. Веројатно тоа е поради триумфот во осминафиналето на Вимблдон каде Ѓоковиќ два дена се мачеше против Андерсон и по негативата од 2:0 по сетови, успеа да направи пресврт.

Каде гаѓаш Мареј?

Енди Мареј се избори за полуфинале на Вимблдон откако со 3:0 го елиминираше Канаѓанецот Васек Поспишил. Во првиот сет имаше и едно аматерско сервирање на кое се изначуди публиката.

Смешната страна на тениското стенкање

Маша Шарапова е најпозната по тоа што многу вика кога го удира топчето, но неа ја надминаа Азаренка и Серена Вилијамс во четвртфиналето. Публиката се смееше, а нив тоа им засмета при поенот.

Шпанската тениска гордост се вика Гарбин Мугуруза

Во ситуација кога машкиот шпански тенис стагнира, на Вимблдон се вее шпанското знаме поради тенисерката која ќе ја брани честа на оваа земја во полуфиналето.

На Мејведер му ја одземаа титулата светски шампион

Откако завршил рокот до кога Флојд Мејведер мораше да плати 200.000 долари до Светската боксерска организација, одземен му е шампионскиот појас освоен против Мани Пакијао.

Канчелара заврши со Тур де Франс

Швајцарецот Фабио Канчелара го заврши својот настап на Тур де Франс откако по страшниот пад на вчерашната етапа се утврди дека скршил два пршлени на грбот. 

Мечот на Вимблдон што имаше сè

Пцовки, скршени рекети, казни, прегратки, аплаузи. Содржински најбогатиот дуел од досегашниот тек на Вимблдон го одиграа Французинот Ришар Гаске и Ник Кирјос од Австралија. Славеше повозрасниот.

Голем судар на Тур де Франс, Родригез заврши прв

Третата етапа од Тур де Франс беше прекината на 20 минути поради страшниот судар во кои паднаа дури 20 велосипедисти. Фаворитите за тронот вешто го избегнаа инцидентот.

Судиска грешка на Вимблдон каква не се памети

Хрватот Иво Карловиќ стана највозрасниот тенисер (36 години и 134 дена) што ќе игра во осминафинале на Вимблдон, откако денес во 4 сета го совлада Жо Вилфред Цонга. Сепак победата на „џинот“ остана во сенка на неверојатниот судискиот превид во последниот сет.

Како пинг понг мајстор отвора Кока кола?

Од кинеските и тајландските пинг понгари сме виделе секакви акробации, но дека со топче за пинг понг може да отвориш шише Кока Кола не верувавме. До денес.

Приказната за камперот што го елиминираше Надал од Вимблдон

Дастин Браун направи земјторес во тенискиот свет, откако вчера со 3-1 во сетови го совлада Рафаел Надал и го елиминираше Шпанецот уште во второто коло на Вимблдон. Штедел пари да игра на помали турнири, а спиел во кампер што му го купиле родителите.

Зошто Вимблдон е најпрестижен тениски турнир?

Професионализмот и квалитетот на тенисот, комбиниран со Олд скул тревата и џентлменската публика го прават турнирот кој влезе во 138. година од постоењето, најпрестижен во светот.

Спортскиот гест на Ѓоковиќ на Вимблдон

Финецот Јарко Ниеминен денес го одигра последниот меч во кариерата на Вимблдон, а Ѓоковиќ го препозна моментот и го почека Ниеминен заедно да излезат од теренот. Додека излегуваа, Ноле заедно со публиката го поздравуваше ветеранот.

Потег на денот на Вимблдон

Австралиецот Лејтон Хјуит се збогува од најпрестижниот Гренд слем уште во првото коло, а големата борбеност и пожртвуваност ја покажа и на 34 години.

Последниот Вимблдон на големиот борец

Шампионот на Вимблдон од 2002. година, Австралиецот Лејтон Хјуит загуби во првата рунда од Јарко Ниеминен со 3-2 во сетови и на тој начин се прости од местото на кое најмногу сакаше да игра тенис.

Епскиот маратон што ги спои Џон Изнер и Николас Мау

Тенисерите кои пред пет години влегоа во историјата како играчи кои играле најдолг меч на Вимблдон, станаа блиски пријатели кои планираат да бараат доживотна вајлд-карта на Ол Ингланд клубот.

Големото срце на Новак Ѓоковиќ

Светскиот рекет број еден уште еднаш ги покажа своите човечки квалитети, откако се дружеше и поигра тенис со 7-годишно дете кое боледува од ретка болест. Во понеделник Ноле го почнува Вимблдон против Колшрајбер.

Што треба да знаете за Вимблдон 2015

Најпрестижниот Гренд слем се одржува по 129 пат, а 48-ми во новата ера. Бранител на титулата е Новак Ѓоковиќ, а во женска конкуренција Петра Квитова. Најтрофејни се Пит Сампрас и Рожер Федерер со 7 освоени титули, а кај жените Мартина Навратилова со 9 трофеи. 

Измачувањето на Вимблдон кое траеше три дена

24 јуни освен по раѓањето на Меси, ќе се памети и како датум на кој беше одигран и најдолгиот меч во историјата на тенисот. Се случи на Вимблдон 2010 година.

Волонтер спаси гимнастичар од тешка повреда во Баку

Млад волонтер од Азербејџан беше јунак на денот на Европските игри во Баку, откако го спаси полскиот гимнастичар Бартоломеј Гес од тешка повреда. Трамбулината како службен спорт на Олимписките игри е воведен во 2000. година.

Нико Розберг највисок на подиумот во Австрија

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг победи на трката за големата награда на Австрија и ја намали бодовната разлика со Луис Хамилтон во генералниот пласман.

Бомбардерот Иво Карловиќ изброи 45 аса

По Сабина Лисицки која го сруши рекордот по бројот на асови кај жените, денес од основната линија бомбардираше и Иво Карловиќ против Томаш Бердих.

Бодибилдерите најмногу се допингуваат

Во споредба со другите спортови најмалку позитивни случаи на анти-допинг контролите има кај фудбалерите.