Подарок до навивачите, Федерер ќе игра уште

Швајцарскиот ас од Базел ја затвори 14-та сезона по ред во Топ10 листата и веќе на средината од јануари е спремен да тргне одново од Мелбурн. „Австралија Опен е голем објектив за мене. После тоа ме чека долга и тешка година".

Роже Федерер, наполни 34 години на 8-ми август но нема намера да престане да игра, напротив, ќе го удира тениското топче до 2017-та. Така најави самиот Федерер, трет тенисер во светот кој ја заврши 14-та сезона по ред меѓу најдобрите 10 тенисери (подобри од него само Андре Агаси и Џими Конорс со 16 сезони во Топ10).
„Еден ден сонував како го освојувам Вимблдон, но тоа што го остварив ја надмина секоја моја желба. За тоа мило ми е што уште сум во состојба да играм и да ја примам вашата поддршка. Ви благодарам за сè и ви посакувам сè најдобро. Уште не е готово: Ќе играме уште пар години“, им кажа Федерер на своите навивачи.
Кралот Роже во видеото снимено во Дубаи, каде игра на егзибицискиот турнир Иптл изјави: „Ја организирав цела 2016-та, со Олимписките Игри во Рио и после нив. Немам уште план да се повлечам, немам прецизна дата, иако знам дека така ми би било полесно“, додаде Швајцарецот за БиБиСи. На следните Игри асот од Базел сигурно ќе настапи во сингл затоа што по освојувањето на Дејвис Купот минатата година, олимпиското злато е единственото нешто што му фали во кариерата (во 2012 загуби од Мареј во финалето во Лондон и освои сребро).
 
Во парови тој има Олимписко злато од Пекинг 2008. година кога освои со сонародникот Стан Вавринка. Сега засега, Федерер гледа само кон Австралија Опен кој почнува на 18-ти јануари во Мелбурн и кој го освои четири пати во кариерата, последен пат во 2010-та.
„Очигледно дека многу ми значи Австралија Опен. После тоа ќе биде тешка и долга година, но среќен сум што сум во добра форма“, додаде Федекс.
Роже Федерер освои 88 титули во кариерата, од кои 17 Грен Слемови. Тој е највозрасниот тенисер кој завршил една сезона меѓу првите тројца на светот од 1973. година од кога почна АТП рангирањето.