Разно

27 аса за Сабина Лисицки, нов рекорд во женскиот тенис

25-годишната Германка постави нов рекорд во историјата на ВТА турнирите, откако против Белинда Бенчиќ од Швајцарија имаше дури 27 аса. На турнирот во Бирмингем (трева), Лисицки реализираше 16 аса во првиот и 11 во вториот сет. Досегашниот рекорд го држеше Естонката Каја Канепи која во Токио во 2008. година имаше 24 аса.

Прво електрично возило во продажба во Македонија

Мак Аутостар е првата компанија во Македонија која воведува електрично возило за свои потреби, со нула емисија на штетни материи.

Кралот на земја само четири пати славел на тревна подлога

По слабиот настап на Ролан Гарос и поразот од Новак Ѓоковиќ, Рафа се врати на победите совладувајќи го Троицки во Штутгарт. Во два сета Шпанецот ја освои првата титула на тревна подлога по 2010 година.

Ноле ги носи параолимпијците во Лос Анџелес

Хуманитарната акција во Србија успеа. Српската делегација ќе патува на Специјалната олимпијада во САД со помош на најдобриот тенисер во светот.

Зошто вреди да платиш карта за Монфис?

Францускиот тенисер не случајно ги полни стадионите каде и да игра. Публиката го следи не поради добрите резултати, туку поради глупостите на теренот. Последната изведба на Гаел Монфис беше на турнирот во Штутгарт.

Бекер: Јавна тајна е дека Роже и Новак не се поднесуваат

Љубителите на тенисот знаат дека Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ не се баш во најдобри односи. Тоа се забележува по изјавите на Швајцарецот после секој меч со Новак и обратно, а тоа го потврди и тренерот на Србинот, Борис Бекер.

Пижама шорцот на Вавринка оди во музеј

Швајцарецот изјави дека победата против Ѓоковиќ е неговото најголемо животно достигнување, а веднаш по прес конференцијата после мечот изјави дека смешните шорцеви што ги носел само нему му се допаѓале.

Хамилтон ја покори Канада и се одмазди за Монте Карло

Британецот ја оствари и третата победа сезонава, а 37. во кариерата откако вечерва триумфираше на патеката „Жил Вилнев" во Монтреал.

Неостварен сонот на Ѓоковиќ, Вавринка го освои Ролан Гарос

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ не успеа ниту во третото финале на Ролан Гарос да го освои единствениот Грен слем трофеј што му недостасува. За тоа се погрижи Швајцарецот Стен Вавринка кој со 3-1 во сетови беше подобар од Ѓоковиќ.

Дуел на титани во Париз, Надал игра со Ѓоковиќ на својот роденден

Во четвртфиналето од Ролан Гарос, по 44. пат ќе се сретнат првопласираниот и шестопласираниот тенисер на АТП листата. Во вака рана фаза од еден турнир, Надал и Ноле меѓу себе играа пред осум години во Рим.

Тајната на Рафа Надал на Ролан Гарос

За цели 10 години Рафа Надал загуби само еднаш на Ролан Гарос и има учинок од 69 победи и 1 пораз. Не е случајно што Шпанецот доминира на Гренд слемот во Париз.

Нас со нозе не нè бива за фудбал, не па за ова

На англиски се вика Cycle ball, на германски Рadball, а на Руски Велобол. Популарен е во Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Јапонија, Русија и Швајцарија. Се игра два на два без голмани, а многу е тешко да се одбрани удар од прекин. Предното тркало ја има функцијата на нозете во фудбал.

Надал не сака веќе Бернардес да му суди

Пред стартот на Ролан Гарос се појавија информации дека најпознатиот светски судија Карлос Бернардес нема да ја дели правдата на мечевите на Рафаел Надал, кој потврди дека лично барал такво нешто.

Одбојкарскиот живот во Сибир на Филип Деспотовски

На 5.500 км од Скопје во едногодишна руска авантура беше Филип Деспотовски, еден од најистакнатите македонски одбојкари. Ни раскажа како се дише на -40, како колите се палат сами, а за одбојката во Русија вели дека е популарна како НБА во Америка.

Розберг го стигна Аиртон Сена во Монте Карло

Со чудната одлука на германскиот тим, актуелниот шампион во Формула 1 падна од прво на трето место и му направи услуга на неговиот клупски колега кој ја освои трката.

Хул – Манчестер Јунајтед и Челси – Сандерленд од 16:00

Викендов се игра последното коло во Англија, Шпанија, Германија и Франција и претпоследно во Серија А. Спортската понуда денеска нуди и Формула 1, како и третиот меч на Перо Антиќ во финалето на Западот.

Јувентус - Наполи од 18:00 и Барселона - Депортиво од 18:30

Привршуваат првенствата во најдобрите европски фудбалски лиги, а денес на програмата е дербито во Серија А, како и потврдување на титулата на Барселона во Примера и на ПСЖ во Лига 1. Во Монако се вози Големата награда во Ф1.

Ако не ми го признаеш поенот, толку од другарството

Во најмала рака чудно е да се опише тоа што се случуваше на тенискиот дуел меѓу Жоао Соуза и Јирген Мелцер на АТП турнирот во Женева.

Бијонсе се разбира во чилеанскиот фудбал

За време на посетата на Хаити, Бијонсе на аеродромот Порт Принс се сретна со група Чилеанци кои ја прашаа дали знае нешто за Чиле? Пејачката ги изненади и ги воодушеви со одговорот.

Лукоил преку пенали до шампионската титула

Екипата на Лукоил е новиот шампион во Бизнис лигата на Македонија откако на пенали беше подобар од Монтенегро. Дуелот за трето место го доби УНИКА.

Хамилтон ќе заработува 44 милиони долари годишно

Актуелниот шампион во Формула 1, тимот на Мерцедес соопшти дека потпишал нов три-годишен договор со нивниот пилот Луис Хамилтон.

Ман. Јунајтед - Арсенал од 17:00 и Атлетико М. - Барса од 19:00

Неделната спортска програма е збогатена со фудбалското дерби во Англија, во Шпанија, како и тенискиот класик меѓу Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ во Рим. Вечерва се игра и финалето од Евролига меѓу Реал Мадрид и Олимпијакос.

Вардар – Металург во 18:30 и Интер – Јувентус во 18:00

Градското ракометно дерби денеска ќе го гледаме во финалето на македонскиот куп, а тие што сакаат фудбал, ќе има италијанско, француско, англиско.

Монтенегро преку пенали до финале

Екипите на Монтенегро и Лукоил се годинашните финалисти во Бизнис лигата на Македонија.