Најзагрозени коцкари меѓу спортистите

Како Мајкл Џордан загуби 20 милиони долари на комар, како најпознатиот американски квотербек се јавувал од затвор да му уплатат тикет и како Сер Алекс Фергусон го вадел поранешниот играч на Манчестер Јунајтед од казино.

Кит Гилеспи(фудбал)

Во автобиографијата „Како да не станеш фудбалски милионер“, поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Северна Ирска признава дека на коцка го потрошил целото богатство кое го заработил во кариерата. „Секако, не можам да кажам точно колку, но без размислување сигурен сум дека потрошив околу 7-8 милиони фунти“, вели Гилеспи во автобиографијата.
 
Кит започнал така што понекогаш на шега се кладел со Сер Алекс Фергусон во неговата канцеларија на Олд Трафорд, но страста за коцката се запалила кога играл во Њукасл.
„Ако некогаш требаше да се оди до кладилница, сега интернетот и телефонското обложување побрзо ви ги земаат парите. Еден ден висев на телефон 48 саати на обложување и изгубив 62.000 фунти, мојата годишна плата, и останав плус должен“, отворено признава Гилеспи дека му се треселе рацете за комар. Денес Гилеспи живее на периферијата на Бангор во скромен дом и вели дека ја победил зависта за коцка.

Пит Роуз (бејзбол)

Во 1989 година бејзбол вљубениците биле шокирани, откако се испоставило дека најголемиот играч во историјата на МЛС лигата, кој во тоа време бил на местото тренер на Синсинати Редс, целиот живот се кладел на тотали (плус и минус поени).

Пит Роуз бил рекордер по бројот на поени (4.256), по бројот на одиграни средби (3.562), излези (14.053) и аути (10.328). По завршувањето на кариерата влегол во Куќата на славните. И покрај тоа што изјави дека никогаш во животот не ја повредил етиката на спортот, доби доживотна забрана. Неколку години подоцна, во својата книга „Затвор без решетки" која стана бестселер, Роуз се изјасни за делумно виновен. Напишал дека секогаш се обложувал само на бејзбол, но никогаш на средбите на неговите Редси. Во овој поглед, навивачите побарале да му се тргне доживотната забрана.

Мајкл Џордан (кошарка)

Неговото Височество секогаш бил мераклија за коцкање, а често се обложувал на сè и сешто. Така во 1992. година кога американскиот Дрим Тим се враќал од триумфалниот поход на Олимпијадата во Барселона, Џордан се кладел во 100 долари со деветмина други кошаркари за тоа чиј куфер прв ќе излезе од аеродромскиот багаж. И Џордан ја добил опкладата.

Ова е само детал од богатата обложувачка кариера на Летечкиот Мајкл Џордан. Се кладел на кошарка, фудбал, коњски трки, голф а играл и во казино. Сè на сè според сопствено признание изгубил околу 20 милиони долари.

Кеиџи Котомицуки (сумо борач)

Како што е познато, Јапонија е многу чувствителна на националните традиционални борби: Спортистите не само што треба да го почитува противникот, туку треба да се одликува и со високи морални вредности. Славниот шампион Котомицуки не бил таков. Во 2012. година, го откриле дека нелегално се кладен на бејзбол и тоа кај Јакузи клановите. Како што се испоставило на крајот, Кеиџи бил само еден од 65 спортисти кои нелегално се обложувале. На крајот не само што ги загубил сите освоени појаси кои вредат многу, туку и прилично големата национална пензија.

Арт Шлихтер(американски фудбал)

Арт станал загрозен комарџија на крајот од 70'-те године кога играл во студентската екипа каде многу напредувал. Паралелно со неговиот талент, се развивала и страста за обложување, па во еден момент од кариерата, бекот на Балтимор Колтс загубил 700.000 долари во кладилница.

За да ги врати долговите, Шлихтер се кладел на сè: на коњски трки, на кошарка, фудбал и бејзбол. Во 1982. година ФБИ го открил, по што бил дисквалификуван. По истекувањето на казната имаше неколку обиди да се врати на теренот, но секогаш безуспешно. Дури и по завршувањето на кариерата на почетокот на ’90-те години, Шлихтер заглавил зад решетки поради манипулации со фалсификувани чекови. Го осудија 9 години, но ни тоа не ја смирило неговата коцкарска завист, поради што се јавувал од ќелијата за да  му пишуваат тикети.

Флојд Мејведер Јуниор(бокс)

Јахти, приватни авиони, луксузни автомобили, куќи, вили - тоа е сè што имам. Синоќа зборував со Бог и прашав: Има ли нешто од што е ускратен кралот овде на земјата? И Бог рече: Не, тој е предодреден", напишал еднаш Мејведер на својот Инстаграм профил. Американскиот боксер денес е пензиониран и нема ниту еден пораз во кариерата поради што заработи екстремно многу пари.

Флојд не само што живее во голем стил, туку и се кладел на тој начин. На пример, минатата година уплатил 5,9 милиони долари во една обложувалница во Лас Вегас дека Мајами ќе ја добие Индијана со 7 или повеќе поени разлика И добил 12 милиони долари. Во јануари 2014-та уплатил 10 милиони долари за победа на Денвер против Сиетл во финалето на НФЛ лигата. Денвер загуби, а Мејведер продолжи да тврди дека е на позитивна територија.