Кога ќе се спомне Бекам и реклама за Пепси сигурно веднаш на памет ни паѓа онаа со детето кога ја брише лименката и му го враќа подарениот дрес. Во серијата реклами Пепси сними и една врвна на тема среден век која сме ја подзаборавиле од времето.
Претседателот на Русија на приемот на руските олимпијци од Рио изјави дека одлуката за забрана за учество на руските паралимпијци во Рио е неморална и цинична. Целата руска паралимписка селекција на 7. август беше суспендирана од Меѓународниот паралимписки комитет поради свесна поврзаност на државата во допинг програмот.
Кога младинскиот центар на Отец Дејв Смит бил пред затворање, тој сфатил дека треба да стори нешто. Станал професионален боксер со цел да заработи доволно пари, за да го сочува центарот за лекување на зависници од дрога.
Олимписките игри се интересни не само за гледање, туку и за проучување, а истовремено колку се брилијантни, толку се и тажни затоа што олимпијците секојдневно, цели четири години се спремаат за Игрите вежбајќи една иста работа.
Иронијата на привилегираните атлети со нивните нутриционисти, физиотерапевти и спортски психолози оди до таму што тие покажуваат со прст кон оние кои се непобедливи и измислуваат приказни за нив.
И покрај гаранциите од етиопските власти дека на бунтовниот сребрен медал од Рио „нема да му фали ниту влакно од глава“ кога ќе си дојде дома, маратонецот Фејиса Лилеса уште не се вратил во Етиопија.
Кога првпат седнал во болид на тестови на патеката во Белгија, конструкторите останале со отворена уста како е можно малиот толку лудо да вози. После два дена излегол со велосипед добро да ја проучи патеката каде се возела трката.
Уште од првите Игри во историјата, старите Грци имале повеќе натпреварувања во кои учествувале човекот и коњот. Такви натпреварувања има и сега, а на едно од нив, во Рио де Жанеиро е виден момент на голема љубов.
Јапонскиот сајт Nikkei објави дека државата упатила апел до граѓаните, да ги донираат своите смартфони кои не ги користат, со цел да се направат квалитетни Олимписки медали за Игрите во Токио 2020. година.
Ај што американските медиуми го тролаат за неговото ниско IQ, туку сега и спонзорите (Спидо и Ралф Лорен) решија да ги раскинат богатите спонзорски договори со него, откако се откри дека Лохти лажел за вооружениот грабеж на бензиска пумпа во Бразил каде со колегите пливачи скршиле неколку писоари и вратата од тоалетот.
Една Олимпијада - два света: огномет на Маракана и сиромашни фавели. Во Рио успешно завршија Олимписките Игри а прогласени се и најдобрите фотографии од натпреварувањата во различни спортови.
Американскиот армиски резервист Сем Кендрикс, кој во Рио се натпреваруваше во скок со стап во височина, при еден залет нагло застана за да ја испочитува химната.
Кога Фејиса Лилеса ја мина целта од машкиот маратон во Рио, ги крена рацете над главата и направи знак Х. Никој од тие кои го гледаа спектакулраниот финиш на Лилеса кој освои сребрен медал не знаеше колку опасен протест гледаат.
Двајца боречки селектори Церенбатар Цогтбајар и Бјамбаренчин Бајара од Монголија се соблекоа на сред борилиште поради тоа што нивниот борач Ганзоригин Мандакхнаран го загуби бронзениот медал по судиската одлука да му дадат поен на Узбекистанецот Иктиор Наврузов поради тоа што Монголецот го избегнуваше и провоцираше. Монголецот водеше 7:6, но со казнениот поен противникот израмни и победи поради тоа што го освоил последниот поен.
Олимписките Игри се идеална шанса да ги видиме убавините на синхронизираното пливање, еден од спортовите кои неретко се во сенка на фудбалот, кошарката, одбојката или ракометот.
Од прашливите патеки во сиромашната Кенија, Самуел Ванџиру стана најмладиот олимписки рекордер во историјата. За жал не можел да се носи со славата и притисокот на златниот медал и брзо се пропил. Животот го завршува трагично а зад себе остави многу прашања без одговор.
Јапонката Рисако Каваи е новата олимписка шампионка во борење слободен стил до 63 кг. Каваи во финалето ја совлада Марија Мамашук од Белорусија а откако ќе ја изгледате прославата на златото ќе ви биде јасно зошто во Јапонија не сакале да ја погледнат на криво.
Атлетичарките на САД беа дисквалификувани од натпреварувањето на 4х100 метри после неуспешната втора замена, но ИААФ им ја прифати жалбата и ќе трчаат повторно.
Ден Вокер, познатиот презентер на БиБиСи се јави од Копакабана во Рио де Жанеиро да известува за тековните настани на Олимписките Игри. Во еден момент забележа дека зад него некој пар „само чита книга“ или „се гушка“.
Сега и дефинитивно е јасно дека Рајан Лохти (32) и неговите колеги од пливачката репрезентација на САД ја измислиле приказната дека биле ограбени под закана на оружје во Рио де Жанеиро.
Пекинг, Лондон, Рио. Најдобриот спринтер на сите времиња продолжи да испишува нови страници во историјата на атлетиката откако синоќа го освои и второто злато на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро.
Не е фудбалер, ниту кошаркар. Новиот јунак на Бразил го освои златото и постави нов олимписки рекорд во скок со стап. Немал среќно детство затоа што мајка му го оставила кога уште не проодил.