Њу Ингланд Патриотс изминатиот викенд го направија најголемиот пресврт во историјата на Супер Бол и ја освоија шампионската титула во Националната фудбалска лига со резултат 34:28 против Атланта Фалконс.
Освен за нивниот успех до кој дојдоа преку трилер завршница, треба да им се честита и на овие четворица момци кои го убија во поим обезбедувањето на стадионот во Тексас.
Земаа скала, на влезот се претставија како работници од стадионот и успеаа да влезат гага на спектаклот каде најскапиот билет стигна до 75.000 долари.
Сето тоа е документирано со доказ, а најјак момент е што потоа му кажале на еден од обезбедувањето за тоа како успеале да влезат.
А вака ги гледаш и мислиш дека одат по цреши.